ДОМАШЕН ЕСАП! [TUTORIAL]

Day 1,078, 03:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

“Времето е пари!“ или Tempus Pecunia Est! - затоа не губиме многу време и одма одиме со првата економска анализа.

Денешен совет за вашиот индивидуален буџет на играва. Како максимално да ја искористите вредноста на вашите пари (МКД) или ДОМАШЕН ЕСАП!

Анализа за тоа дали што е подобро, куќа, храна, или и двете?

Здравјето е нај битен фактор на играва. Од него зависи, продуктивноста на работа, напредувањето во тренингот, борбите... живот на вас во играва!
За надополнување и одржување на здравјето на високо ниво (100 - идеално!) има три начина, со леб, со злато и со куќа.

Пресметката ќе ја правам со 10 здравје = толку се губи при секоја една битка и ја земам најевтината понуда на пазарот во моментов за леб и куќи.

1.Со Злато 10=0,5 злато или 10=15МКД !!! (според моментниот курс на 1 Gold = 30 МКД)
За да надополните 10 изгубено здравје играва ви нуди да потрошите злато или 0,5 за 10 здравје. Обе е убедливо најскапата варијанта за надополнување на здравје. На овој начин сите понови играчи си го “јадат“ златото бадијала. Апел: НЕ СЕ ЛЕЧЕТЕ СО ЗЛАТО!!!


2.Со Храна 10=1,7 МКД!
За да надополните 10 изгубено здравје ви требаат 5 лебчиња од по 2. Цената на лебот (+2 здравје) кај нас варира бидејќи немаме свое жито и зависиме од увозното (најчесто Србија) па оди од 0,34 до 0,38 и 0,40.
Значи за 10 здравје треба 5 леба по 0,34 или вкупно 3,4 МКД.

3.Со Куќа 10 = 1,15 МКД!!! (според кучите на Villa Makedonija)
Со купување на куќа која моментно чини 23 МКД добивате 10 дена, секој ден да ви се надополнува по 20 здравје или вкупно 30 здравје секој ден во наредните 10 дена.
Математиката е следна, куќата ве чини дневно 2,3МКД а за тоа добивате 20 здравје или 1,15 МКД. за 10 здравје.

Резиме: Куќата е далеку најефтин начин за надополнување на здравје секојдневно, плус со тоа што ви полни по 20 здравје ви дава можност да се борите еднаш до два пати секој ден и да собирате искуство од борбите. А наредниот ден сте пак на 100 здравје!
Дополнително Куќата се произведува од камен а како домашен ресурс само него го имаме затоа куќата е 100% Македонски производ!!!

Затоа ставете кров над глава - купете си куќа од Villa Makedonija за само 23 МКД на следниов лик:
http://economy.erepublik.com/en/market/79/3/0/0/0/0/citizen/0/price_asc/1