Како живеат ресенчани... [TSRS]

Day 1,644, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Truth of the Sixteen Rays Sun
Статија# 7 21.05.2012

“Долго време имав желба да го опишам накратко животот на Ресенчани. Не затоа што е "многу убав" туку дека ми оди на нерви и не се поднесува. Можеби постојат и други градови, слично загрозени, но Ресен е некако посебе. Ќе Ви опшиам како во Ресен се доживуваат најважните настани од животот...


Општо за животот
Најпрво би го издвоил озборувањето, и би им дал златна медаља на ресенските жени - за озборување. Друго, сите Ресенчани имаат ист сон - да изградат по една куќа за челатот, децата да им завршат факултет и да ги мажат/женат (тупнат) во фамилија што ја бие добар глас во Ресен. За пари, градов е доста богат и не разговарам за таа тема повеќе, но никогаш не му е доволно на народот.

Раѓање на новороденче
Е за ова е посебна тема за разговор. 🙂 И да ви кажам за ова можам да напишам и цела сторија, но ќе скратам малку. Штом се роди новороденче, веднаш комшиите и подалечните пријатели одат кај мајката, и даваат коментари за нејзината линија (кај подебелите жени, лажат), а потоа го "напаѓаат бебето". Застануваат над крошната и го скенираат од глава до петици барајќи некоја физичка мана. Ако во скенирањето најдат - тогаш со животот на бебето е свршено. Ќе го бие лош глас уште од пелени. Ако пак не најдат ќе почнат да го фалат и ќе го надгледуваат како се развива за да најдат некоја негативност кај него. Ете тоа е накратко за раѓањето на нов член во Ресен.

Ноќниот живот
Ноќниот живот е катастрофа. Полош не верувам дека некаде постои. Во парк излегува само 5% од населението. (10000 жители) и тие што излегуваат по никоја цена не седнуваат по кафулиња. Девојката фаќа дечко на минимум 18 год, ако е поотракана може и на 17, 16. А за корпи, да не зборуваме-даваат ненормално многу.

Запослување на некоја особа
Штом се запосли некоја особа од туѓа фамилија, веднаш се зема ливчето во рака и започнуваме со математика. Таткото зема Х денари, мајката Х денари, имаат и дуќан, роднини во Америка, стан во Скопје, и + на тоа се додава и ресенско ДДВ и ќе дојде дека тој е мултимилјардер и не треба да биде на работа.

Завршување на факултет
Е сега доаѓа на ред крај на факултетот. Штом се чуе дека некој завршил факултет одма се даваат критики за тој факултет, најлесен е, има мито, може секој да го заврши. И ќе дојдеш до заклучок дека факултетите се 4 години уживање во Скопје. 🙂 А ако веќе е некој потежок, ќе најдат мана на детето, тој имаше 4-ки, бегаше од часови, се знаеше со наставниците и пак ќе дојдеш до заклучок дека детето е е*иветар. 🙂

Смрт
Кога ќе настапи смрт кај некој од фамилијата, први дознаваат комшиите, а потоа поблиското семејство. Комширите ги шират гласините за смртта како поленов прав, и уште вечерта цел град знае кој починал, од што, какво наследство оставил и тоа информации од прва рака.“

Преземено од : bagra.org

Пoздрав, засекогаш вашеПреспански Абер.