Интервју со Генералот Trte Pufkov

Day 1,303, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Почнувајќи од нај едноставниот пример,дека секогаш постарите се виновни и најчесто се обвинувани од помалите.Без разлика дали станува збор помеѓу брат и сестра или пак помеѓу компании,партии па се префрли и на игри,а еРепублика не беше имуна на тоа,обвинувања најчесто беа меѓу партии и воени единици. ArMakedon беше на мета на сите обвинувана за се и сешто денес на интервју го имаме Генералот на ArMakedon Trte Pufkov

Што има ново и што мислиш за најавата ?
Trte Pufkov :Најново е дека конечно успеавме да ја освоиме Грција и со тоа да му го исполниме сонот на јужните соседи да се нарекуваат Македонци xD инаку една од најинтересните и најточни најави што сум ги сретнал.

Што значи името ArMakedon ?
Trte Pufkov :Па самото име кажува АрМакедон - Арамии Македонски(немој некој озбилнода ме сфате xD), инаку името АрМакедон е составено од Армагедон и Македонија и симболиката од двете имиња е ставено во едно.

Какво е значењето на аблемот ?
Trte Pufkov :Авторот на аватарот во моментот не беше тука така да ќе одговоре у коментари.

Кои се условите за во ArMakedon и зошто треба еЦиливите да се приклучат во вашата единица и каков третман би добиле доколку би членувале ?
Trte Pufkov :Условите за влез во нашата единица не се во целост дефинирани меѓутоа пожелни карактеристики на играчот се: да имаа 3000 + сила , да биде активен и дружељубив и да може да се обезбедува со леб(затоа што делиме само тенкови) и најважно од се да му фаќа рачето xD

Регрутацијата на нови членови како помина ?
Trte Pufkov :Регрутацијата помина релатвни добро со тоа што примивме 4-5 нови регрути кои за ккратко време би требало да станат и полноправни членови.

Со кои проблеми се соочуваш при менаџирањето на единицата ?
Trte Pufkov :Искрено немам некои поголеми проблеми при водењето на единицата, затоа со екипата е супер и секогаш се надополнуваме.

Кој го смисли вашето мото ПОСЛЕ НАС, ПОТОП!
Trte Pufkov :Слоганот е дело на нашиот мотиватор и најголем трачер Иван Ванчо Македонски(сори бате Ване не е намерно xD).

Дали ArMakedon користи државно злато,за што сте највеќе обвинувани ?
Trte Pufkov :Мислав дека во уводот самиот одговори на ова прашање " секогаш постарите се виновни и најчесто се обвинувани од помалите ". Мислам дека сите тиа муабети се само политичка пропаганда и љубомора на одредени еЛуѓе.

Како ќе се развива ArMakedon во иднина ?
Trte Pufkov :Па целта е секогаш да бидеш најдобар, така и нашите планови се окрупнување и да станиме најдобра единица во овој виртуелен свет.

Во каков однос сте со другите единици и што мислиш за нив ?
Trte Pufkov :Па сега за сега имаме одличен однос со другите единици (со мали ислкучоци). Имам позитивно мислење за сите единици и сметам дека треба заедно да продолжиме да се развиваме и да соработуваме за да станеме најјака армија во светот.

Кажи ни нешто за тебе ?
Trte Pufkov :Па имам 26 години и моментално работам и студирам последипломски студии.

Дали твоето име влијае на твојата кариера и од кај идеата за такво име ?
Trte Pufkov :Мислам дека моето име не влијае во мојата еКариера затоа што самото не носи некој авторитет и респект xD. Идејата за овој ник и самиот немам поима од каде ми дојде едноставно го напишав.

Што би променил во играва ?
Trte Pufkov :Да се прашувам јас би променил доста работи ама еве до ден денеска никој ништо ме нема прашано од одговорните. : D

3 нешта што ги мразиш ?
Trte Pufkov :Лицемерие, себичност и непочитување. Тоа се трите нешта што понекогаш ми сметаат во играва.

Прашања по барање од девојките

Која боја ти е омилена ?
Trte Pufkov :Плава (Праска е овошје не е боја : D)

Зависник си од брендови ?
Trte Pufkov :Само за спортска опрема за другото не ми е битно.

Го имаш ли испланирано летниот одмор ?
Trte Pufkov :Секогаш се трудам отприлика да знам шо и како ќе биде ама оваа година малку тешко одат преговорите.

Што си во хороскоп ?
Trte Pufkov :Во хороскоп сум девица, а напред стрелец xD.

Одиш во теретана ?
Trte Pufkov :Не одам во теретана меѓутоа доста често спортувам и имам солидна кондиција 😃

читаш ШТО ИМА НОВО и што ќе кажеш за интервју магазинот ?
Trte Pufkov : Доста го следам медиумскиот епростор и морам да кажа дека интервју магазинот е еден од поквалитетните весници.