Поклонение кон големиот човек [TOMIBAIR]

Day 1,426, 08:01 Published in North Macedonia North Macedonia by tomibair





Тоше живее

Многу ретко се прашувам самиот шо е смислата на животот??Но има такви моменти.Секогаш кога ќе осетам некоја тага,осаменост,недоверба во овај свет воден од општ уличарски секс,и непренципиелност ми текнува на чоекот со кој растевме низ најубавите моменти во животот,кој со својата чиста мисла и искреност знаеше да дај смисла и да ми ја врати изгубената верба кон добрината и човечноста, се она што го губиме се повеќе и повеќе и некаде слепо чекориме секој ден .
Знаеше да ја пренеси таа чистина кон сите нас,чистина на духот која не је гледавме долго време, и требаше да го нема за да сватиме, и скеогаш кога ке се сетам на нагевиот лик и чудеснаТА небесна енергија која ја носеше,ми вдахнува смисла и енергија за сите предизвици што овај усран џган свет ми ги нуди,ја добивам смислата за ДОБРОТО и што тоа претставува во вистинска смисла
Се сеќавам на тој ден,Есен гнасна есен,кога овај бог згасна али само ФИЗИЧКИ.Тоа беше еден од најгрдите денови во мојот живот,се осеќав како да изгубив брат, татко,другар, ја изгубив вербата во бог,и неговата смисла.На светов умираат секојдневно млади стари секакви луѓе,но ова беше нешто подруго, неговата смрт ја осеќав како смрт на патоказот кон она ДОБРОТО во мене,таа смрт беше како манифестација на МАКЕДОНСКАТА ТАЖНА ИСТОРИСКА ПРИКАЗНА,како флеш од минатото,преку таа смрт се сетив на мојта земја ЧИСТА,ХРИСТИЈАНСКА,НЕВИНА но ОБЕСПРАВЕНА,тоа беше губење на потенцијал тогаш кога можеше најмногу да даде! Продолжување на проклетството на оваа земја.. АХХХ КАКВИ СИНОВИ РАЃАШ И КАКО ГИ ГУБИШ МАКЕДОНИЈО!! ТОН од неправди набрани во сите нас,тоа сме ние Македонците.
Која беше таа сила која со нејзиното згаснување не сплоти сите во тагата?? Тоа беше силата која бликаше од него,тоа беше чистината, детето што го носеше и искрено го споделуваше со сите нас,помагајќи и ние да го пронајдиме..Да бидиш ЅВЕЗДА а да не те понеси ЕГОТО.Да си останиш тоа што си.Преку Тоше научив да бидам тоа што сум, и да сјаам преку мојата уникатност предводена од тропотот на срцето низ овие ЏГАН ГЛУМЦИ ОКОЛУ МЕНЕ.. преку Тоше научив дека семејството е најбитната алка кое неизмерно го сакам,Преку Тоше ја изгубив вербата во бога но и 10 кратно ја зголемив, пошто сватив дека бог ги зема ангелите горе недозволувајќи да се расипат и загнилат зрачени од овие земски ДЕМОНИ кои секојдневно не расипуваат, и обездушнуваат.ТОШЕ не можи да се спореди,оцени,измери.НАЕГОВАТА ГОЛЕМИНА е во едноставноста во воспитувањето од домашните,безгрижното негово детство,чистиот дух стекнат во малото гратче Крушево надвор од сите помори и расипаности што големите градови го нудат!
Иако делуваше среќен,исполнет,позитивен, тој беше еден тажен романтичар кој длабоко знаеше дека неговата чистина не припаѓа тука во оваа расипаност,длабоко во него можеше да се осети голема скриена тага.Тоше не можи да се повтори,пошто неговото настанување во тоа што постана беше во единствен временки период, во уникатни неповторливи услови,и сплет на околности. Дали овај некаков си текст за него можи да го долови онај ЏИН?? НИКАКО!!.. нема доволно зборови,а и на крај краева се осеќам мн невреден и да пишам за овај човек!!

ФАЛА ГОЛЕМ ЧОВЕКУ ТИ СЕ ПОКЛОНУВАМ,И ЗАБЛАГОДАРУВАМ ЗА ПАТОКАЗОТ И ПРИМЕРОТ КОЈ ГО ВДАХНА ВО МЕНЕ, ПРИМЕРОТ ЗА ЧИСТИНАТА И ДОБРИНАТА КОЈА И ПОКРАЈ СИТЕ ЗЕМНИ ДЕМОНИ УСПЕВАМ ДА ЈА СЛЕДАМ И ЦВРСТО ДА СЕ ДРЖАМ ЗА НЕА,ФАЛА ЗА ТОА ДУШЕВНОТО КОЕ ГО ПРОБУДИ ВО СИТЕ НАС И НИ ЈА ДАДЕ СМИСЛАТА!! ГЛЕДАЈНЕ ОД ГОРЕ ПЕЕЈЌИ СО АНГЕЛИТЕ ГОЛЕМ ЧОВЕКУ


http://www.youtube.com/watch?v=G7zc2KBueb8&feature=mh_lolz&list=FLEEcLDT3icyLcnWF6xYvJkQ
Томибаир




Author Tomi Dimovski All rights Reserved 2011 Bitola Macedonia
DO NOT COPY