[toiletNEWS] Интервју со MAKEDONIJA DO INDIJA

Day 1,229, 14:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333

Пред сè, ќе ве замолам да нема препукувања и расправии. Иако се работи за интервју со политичар, весников не е ничиј гласник и ова е само едно од интервјуата кои ги планирам како дел од весникот. Ќе речете дека сум „определен“, можеби сум симпатизер на партијава, ама тоа не значи дека и ќе пишувам политички определени статии. Исто така, не сакам да помислите дека ќе има интервјуа само со членови на опозицијата, на МНФ, или на што и да е, баш напротив ќе гледам да ги вклучам повеќето влијателни играчи во еМакедонија, а здравје и надвор од неа. Уживајте 🙂



Прва е, нормално, политиката. Од неодамна си претседател на МНФ, а со тоа и „лидер“ на опозицијата. На кој начин ќе се развива опозицијата во овој твој мандат?

Веднаш по моето изгласување за претседател на МНФ стапив во контакт со Да Живее Македонија, претседателот на ВМРО, и по краток муабет со него успеав да ја сплотам опозицијата заедно. Исто така, имам поддршка и од партиите Протест и Патриот. Опозицијата во мојот мандат оди по правецот на кој што зацртав, заедно сме, имаме супер односи и завидна бројка на гласачи. На конгресменските избори настапивме заеднички координирано и опозициската коалиција има 15 членови во конгресот.

МНФ, иако релативно млада партија, се постави како најсилната опозиција, и единствена надеж да се „сруши“ сегашната гарнитура. Сепак, ова бара уште многу работа, па кои се твоите планови, како ќе постапиш ти по ова прашање?

Реформите кои ги објавив во мојата кандидатура за претседател на МНФ се веќе 90% готови. Ја реорганизирав партијата, го стабилизирав и зајакнав раководството, полека полека се зголемуваат членовите. За „рушење“ на власта треба работа, имаме идеи, имаме програма и длабоко веруваме дека сме подобра опција од моменталната владејачка партија. Народот е сè повеќе разорачаран од владеењето на ОеМ, и е жеден за нова владејачка гарнитура.

Зошто баш МНФ?

Од многу едноставна причина. Сакам во Македонија да видам минимум 2 силни политички партии, е тогаш изборите ќе се добиваат со програма и тоа добро изработена, не како досега. Народот ќе си има во секое време подобра алтернатива, политичката сцена ќе стане поле за подобри идеи, не за подобри плукачи. Македонија со плурализам, може да оди само напред, на „АПАШИТЕ“ ќе им биде екстра тешко да работат во нивната струка, затоа што знаат дека има некој што ги следи во секој чекор и чека нивна грешка, и владејачката гарнитура што ќе биде избрана ќе мора да го дава максимумот, зошто ако не е така, ќе се збогува со „удобните фотељи“.

Во априлските избори за прв пат се кандидираше и ти за позицијата Претседател на еМакедонија. Кои се твоите цели за републиката, твоите планови за мандатот, и како би ги реализирал истите?

1. Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија.
2. Никогаш нема да ги ставам сопствените интереси, интересите на мојот
тим или воена единица пред интересите на Македонија.
3. Ќе бидам безкомпромисен кон сите оние кои не си ја вршат на
највисоко ниво својата работа. Нема гледање низ прсти, нема втора
шанса, едноставно министрите мора да даваат максимум а не Македонија да
страда поради нивната неажурност.
4. Нулта толеранција кон секој што макар и 0,001 денар нелегално
трансферирал на својата сметка. Крадењето на пари од државата е
велепредавство.
5. Детален извештај на секоја недела, каде и како се одлеваат средства
од Државните институции, целата Македонска јавност да знае каде одат
нивните пари, до денар.
6. Јавни анкети за сите големи прашања, наспроти тоа да одлучуваат 10-
20 луѓе за индината на сите граѓани.
7. Комуникацијата влада-граѓани ќе биде на најголемо ниво.

Целата моја програма за оваа кандидатура можете да ја видите на следниот линк: http://tinyurl.com/3cb787c

Најактуелно во еМакедонија во последно време е членувањето во ONE, војната со Италија и потенцијалната војна со Бугарија или Грција. Како еден од највлијателните политичари, кое е твоето гледиште за ситуацијава?

Влезот во ОНЕ е супер паметен потег. Ја покажавме лојаноста кон сојузниците, и најмалку што можат тие да сторат е да направат да бидеме рамноправен член на ОНЕ, рамо до рамо со нив. Македонија е веќе СВЕТСКА СИЛА, и не смееме да си дозволиме да виткаме кичма и да патиме од тој Македонски синдром на пониска вредност, значи треба да покажеме СИЛЕН КАРАКТЕР. Околу војната со Италија, наидовме на преслаб противник, и мерењето на сила врз таква војна не е компетентно. Војна со Бугарија мислам дека треба во блиска иднина. Нè избришаа од мапата, сега стоиме на цврсти нозе и можеме да им се реваншираме, за да запамтат кои сме НИЕ. Имаат добри ресурси во своите региони и супер ќе биде ако направиме јуриш кон нив, ќе имаме благодети од освоените територии зато што ќе бидат поврзани со нашите оригинални региони, за разлика од регионите во Италија. За војна со Јунанистан, јасен е мојот став. ПРОТИВ сум, и Македонскиот народ треба да знае дека Сомалијците (имаат северноафрички и маџирски (азиски роми) гени Јунанистанците) се големи фанатици. Македонија ја сметаат за најголем душман, дури поголем и од Турците. Ако се залетаме со напад, најпрво ќе почне масовно купување на голд од нивна страна, нивните сојузници ќе бидат тука во секој миг за нив и Македонија ќе биде лесен плен. Затоа не треба да се „летаме“, ништо нема да не чини доколку почекаме некое време, да зајакнеме уште повеќе. Секој што тврди нешто спротивно од мене или ЛАЖЕ, или не е запознаен со ситуацијата.

Да се навратиме малку на минатото. Како ти дојде до оваа игра, што те натера да почнеш да ја играш, и што цело време те инспирираше да продолжиш и да стигнеш таму каде што си?

Со играва ме запозна еден мој другар. Активно почнав да играм една до две недели по креирањето на мојот профил. Играва е одлично место за покажување на патриотизам, а ни треба барем во виртуелен свет Македонија да ја видиме силна како во минатото. Како и на секој играч, најголема желба ми беше да станам претседател. Се решив да одам по таа политчка патека, и еве ме денес конкурирам за таа позиција. Инспирација ми е македонскиот народ, кој сака да ја види Македонија во своите природни и етнички граници.

Јас сум релативно нов играч и не знам каква била ситуацијата пред неколку месеци, но во последно време многу растат политичките тензии, сè повеќе се чувствува онаа поделеност која ја гледаме и во РЛ. Што мислиш ти за ова, на што се должи оваа, да речам, омраза?

Не апсолутно имаш погрешен впечаток. На последните конгресменски избори немаше толку напната и плукачка атмосфера. На изборите пред еден месец беше како што милува да каже еден наш политичар „КАСАПААНА“ се бараа начини за дискредитација на одредени луѓе, не беа бирани средствата со кои ќе се направи тоа, дури имаше и пример каде што поради тие избори се изгуби РЛ пријателство. Но, тоа беше очекувано за мене, тоа беа првите демократски избори, и јасно беше дека ОеМ нема да го прифати фактот што има ривал на другата страна, и на секој можен начин ќе проба да го исмее, оцрни итн. А тоа дека одредени групички си замислуваат дуел како во РЛ е факт. Но, за среќа се мал број. И не треба да заборавиме зошто сме на играва, заеднички да ја направиме Македонија прва класа, и да бидеме сложни и сплотени.

За крај, што би им препорачал на граѓаните на еМакедонија, освен, секако, да те поддржат на претстојните избори? 🙂

Здрави и живи да сте Македонки и Македонци, Македонија над сè, Македонија До Индија!