[toiletNEWS] Една приказна..

Day 1,239, 12:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Во дамнешни времиња, позади седум планини и мориња, си живееше еден змеј. Тој беше многу силен змеј кој многу ја сакаше државата во која живееше и ќе направеше се за неа. За да може што повеќе да го изрази тоа патриотско чувство, змејот реши да направи партија. За кратко време, таа партија стана најсилната партија во неговата држава, а тој - претседател на државата. И тоа си беше претседател цеели 2 месеци. Кога му здосади, се реши на негово место да дојде друг, секако од неговата партија, а тој биде змеј за надворешни работи.



Бидна што бидна, така и беше. Но, дојде време за нов претседател, па стариот змеј реши повторно да ја земе таа функција. Како успешен лидер и паметен змеј, се му одеше од рака, па за кратко време состави одличен тим со кој ќе ја води државата. Но, во тимот му недостасуваше економски змеј. А бидејќи партијата имаше само 1000 членови, а државата само 15000 змејови, навистина беше тешко да се најде тој еден змеј кој ќе се накани да биде економски змеј. И така, само два дена пред изборите, змејот реши да се откаже, не само од барањето економски змеј, туку и од водењето на државата. Не само од водењето на државата, туку и од политиката. Со еден збор - си вети, сам на себе, одреден период да нема никаква врска со политиката, а државата да ја води некој друг. За жал (или можеби за среќа, доколку се работеше за план), неговата партија не успеа да кандидира свој кандидат и на изборите се случи хаос.



Вистински хаос! Двајца непознати, еден државен непријател и еден спасител. Змеј кој отсекогаш бил познат на еМакедонците, змеј кој отсекогаш се борел за еМакедонија, змеј кој требаше да биде избран! Но, по некое чудо, на изборите победи државниот непријател, кој сите го мразеа и кој најверојатно со валкани игри ја доби оваа функција. Но, овој непријателски настроен змеј, беше повеќе од зол! Уште на првиот ден, во првите часа од неговиот мандат, тој успеа да изгуби многу важна битка за Македонија, битка во која Македонија ќе освоеше територија од својот голем непријател. Овој змај веројатно се договорил со Бугарите и затоа во првите часови од својот мандат, пред да седне на фотељата, ја уништи државата. Но, невољите само што започнаа..



Наскоро, непријателскиот змеј се покажа во право светло! Дојде до невозможната идеја да се позајмат оригиналните региони на неговата држава, со што другите змејови би имале огромни добивки и би живееле во други региони од таа држава! Незамисливо! За ова да биде поизводливо, лошиот змеј реши да склопи мир со државата со која војуваше. Ги праша другите змејови, повеќето се согласија, и така и би. Лошиот змеј, со цел змејски памет, даде цели 3 региони од неговата држава за возврат на мир и насочување на силите кон идни потези! Нечуено! Невидено! За среќа, тука беше добриот змеј, оној првиот, да се спротистави на оваа луда идеја. Сам против сите, дефиниција за медал, тој се бореше за неговата држава! Се бореше за тие вредни три региони, региони кои ни се од огромна важност! Тие три, заедно со трите оригинални региони, кои вредат многу повеќе од 15-те региони полни со ресурси кои ни се всушност бесполезни.



Чича мича - готова е прича. Сите знаеме дека сите ликови во приказнава се измислени, бидејќи змејови не постојат, а не постојат и тоооолку лоши змејови како државниот непријател.

Ваш,

Banned333