[toiletNEWS] Разумен патриотизам

Day 1,239, 06:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Веќе некое време, и во претходната власт, и сега, се јавуваат неколку моменти кои не се прифатени од целокупната еМакедонската јавност, но се многу важни за иднината на државата. Сега ќе се потрудам да ви доловам зошто овие работи се толку важни. Дел од нив се давањето територии на Словенија, нападот на Франција, договорот со Италија, можноста за поврзување региони...



Давањето региони на Словенија и нападот на Франција не се одлуки на нашата власт колку што се одлуки на сојузот ОНЕ во кој членуваме и кој стои зад нас. Многу не се согласуваат со овие одлуки бидејќи се работи за територии кои ние сме ги освоиле, а сега ги даваме џабе, како и за држава со која ако војуваме немаме никаква добивка, а може да имаме и штета. Но, важно да се напомене е дека сојузот ОНЕ налага Словенија и Македонија да се вклучат во нападот на Франција, за што беше потребно давањето региони. Многу од нас ќе речат дека без разлика за кој сојуз или сојузник се работи, важно е да се сочуваат македонските региони и да се работи за македонските интереси. Сум видел дури и коментари кои викаат да се нападнат некои од сојузниците или на било каков начин да се оди против нив. Очигледно овие забораваат што направија Србите за нас кога не окупираа Бугарите, но и што прават сите сојузници како поддршка за Македонија. Јас знам дека целта на играва е патриотизмот и освојување на нашите најголеми непријатели, но сето тоа мора да се прави пополека и мудро. Доколку барем еднаш го изневериме ОНЕ или некој сојузник, не само што ќе се збогуваме со шансата за окупација на Грција, туку и во најкраток можен рок ќе не окупираат и избришат од мапата. Затоа, мора да се научиме да ги почитуваме нашите сојузници, бидејќи не можеме да опстанеме без нив и не смееме да си дозволиме да ги изгубиме.



Неодамна се појави идејата за мир со еИталија. На почеток, не ми се допаѓаше идејата, бидејќи бевме многу посилни од Италијаните и не вредеше да се склучува мир. Но, сфатив дека регионите кои ги освоивме никогаш нема да ни ги признаат како такви и секогаш ќе трошиме барем третина од силата на италијанските востанија. Лесни се за задушување, но и тие бараат дејствување и секако трошење пари. Така, наместо да ја имаме цела Италија, да ни стои за НЕ во случај да ни земат некоја територија, и цело време да внимаваме на тие региони, по „цена“ од само 3 региони добиваме се останато и можност за напад на Франција. Секако, престанување на војната со Италија може да не ни се допаѓа бидејќи сакаме да имаме се и Македонија да биде што поголема, но мислам дека тука треба малку да ги смириме страстите и да размислиме за сите оние бенефиции кои би ги имале од овие територии, а притоа би можеле да се концентрираме на освојувања, наместо на задушување востанија.



Кога сме кај италијанските региони, важен да се напомене е предлогот на MakedonecMKD за поврзување со овие региони. Имено, тој предложи оригиналните региони да ги позајмиме на Србија и главниот град да го преместиме во Италија, со што би ги имале сите бенефиции од Италија и здравје и Франција. Многу не се согласуваат со ова, бидејќи се работи за отстапување на главните региони, како и моментално стивнување на страстите со Бугарија и Грција, со што за многу би се изгубила целта на играта. Но, не смееме да заборавиме дека за напредок во играва пред се потребни се пари, кои нема да ги добиеме со пинг понг војни и востанија во Бугарија и Италија, туку со поврзување со регионите кои веќе ги освоивме и заслуживме. Србија би се грижела за овие региони, би ни давала некоја симболична сума на злато и би имала резервен регион за нас за секој случај, а ние ќе имаме над 15 региони кои поготово со новиве промени ќе бидат од огромна корист за еМакедонија. Мораме да запамтиме дека иако сме многубројни, како држава се уште не сме доволно економски и милитарно развиени, па не можеме да се бориме како што тоа го прават некои побогати држави. Грција нема да ни избега, ќе не чекаат и еден ден ќе си го добијат она што им следува.



Тоа е тоа.. Знам дека играва е пред се патриотска, но има и други елементи кои мора да се опфатат. Без сојузници и сојуз кој го почитуваме, без мир во окупираните држави и без поврзани региони не можеме да напредуваме. Сега имаме 2 региони од Бугарија, кај и да е ќе си ги ослободат (тоа е факт, сите очекуваме наскоро да има востание, ако тоа го задушиме наредното ќе успее, нема да ни дозволат засекогаш да ги окупираме) и подобро е целата наша сила да ја насочиме кон нови предизвици (ако се преселиме во Италија имаме многу можности за освојување) отколку да опстојуваме со три вистински региони и константен страв од востанија во Италија и Бугарија.



Со ова, би сакал да изразам поддршка на предлозите на Претседателот и Министерот за Информирање за мир со Италија и поврзување со овие региони, со што би можеле да напредуваме и да зајакнеме, доволно за да стигнеме до нашиот јужен сосед. Да живее Македонија!

Ваш,

Banned333