[toiletNEWS] МММ!! + Новинарството во еМакедонија :)

Day 1,238, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Конечно стигна и тој долгоочекуван Media Mogul Medal. Би сакал пред се да им се заблагодарам на сите оние кои веруваа во овој весник и кои ги дадоа своите глас и претплата за истиот, а најмногу на ZORAN I MAKEDONSKI кој правеше се за овој весник да биде што попопуларен и попретплатен. Излишно е да кажам дека без вас немаше да го добијам медалот, бидејќи се подразбира, но сепак ми беше чест што работев до тука. Но, ова секако не значи крај, бидејќи Toilet Newspaper како и досега и понатаму ќе продолжи да објавува анализи, хумористични статии, пародии и пред се, интервјуа. Веќе се планирани неколку интервјуа со важни играчи од еМакедонија и од странство,а наскоро ќе прочитате некои од нив. Како еден од мнооогуте кои освоиле МММ би сакал да кажам два-три збора општо за новинарството во еМакедонија кое во последниов период активно го следев и за кое увидов многу работи.

Инаку, за оние кои ги интересира, весников беше креиран пред точно 17 дена, од кои 3 бев неактивен, така да целосната изработка на истиот да стигне до 1000 претплати и МММ траеше точно 2 недели. 🙂



Прв пат се сретнав со терминот еВесник уште на почетокот на мојата „еКариера“, кога видов дека постои опција играчите да си креираат свој весник и да пишуваат во истиот. Бидејќи отсекогаш новинарството и пишувањето ми биле примамливи, а и доста време веќе и се бавам со нив (аматерски, секако), знаев дека еден ден и јас ќе имам весник во кој ќе пишувам за се и сешто - барем тогаш гледав така на работите, за потоа да ги разгледам правилата кои и не се премногу либерални спрема содржина неповрзана со играва, па затоа решив да пишувам само за еРепублик.

Најпрво пробав да бидам дел од една здружена реакција, барем проект кој требаше да биде тоа, водена од еден мој другар, но едноставно инспирацијата за пишување не ми доаѓаше и не можев да пронајдам тема за која би пишувал. Затоа, морав наскоро да се откажам од тој проект по што некое време функционирав без весник, за да се решам да го креирам Toilet Newspaper. Тука почнаа авантурите кои сите ги знаете.. Но, повеќе за еМакедонското новинарство...



Еднаш ги разгледував туторијалите на Министерството за Образование и видов напишано дека за отворање на весник се плаќа 2 голд, а за секои 1000 претплатници се добиваат по 5 голд. Текстот беше напишан буквално како план за правење пари, како идеја како да се инвестира 2 голд и истите да се претворат во 5, што значи 3 голд „чиста заработка“. Ова ми беше доста чудно, бидејќи испаѓаше дека целта на сите новинари беше златото, што барем во тоа време не личеше така. И не беше така, посериозните новинари отсекогаш си работеле за да го изразат своето мислење, а не за 5-те злата.

Како и да е, кратко после тоа и јас го направив својот весник. Не можам да кажам дека воопшто не бев воден од медалот и златото - сепак, медалите се клучен дел од играва и примарен знак за нашите успеси, па меѓу другото и тоа ме привлече да направам весник. Ама, сметав дека бројот 1000 беше повеќе од далеку за мене и си пишував онака, колку да соберам по некој суб, да научам по нешто за играва, и за неколку месеци да добијам медал - здравје. Уште на првата статија добив коментари со линк и напис врати ако не те мрзи.. Тоа исто „врати ако не те мрзи“ кое нервираше многу изминатиов период но барем од мене е завршено. Сфатив дека за да се успее со еден еВесник важно е истиот да се рекламира, бидејќи „конкуренцијата“ беше огромна и беше тешко некој да дознае за весникот ако само стоеше сам, без реклама. Затоа, почнав и јас со тие реклами (кои знам дека се досадни) и после кратко време разговарав со Зоран и се договоривме да ми помага. Така дојде до целото Врати ако не те мрзи, но и до МММ.



Но, реков дека ќе зборувам за нашето еНовинарство, а по се изгледа забегувам накај автобиографија за мојот весник. 😃 Се почесто гледам статии кои делат леб или пари или пак едноставно повикуваат на „суб за суб“. Свесен сум дека ви е примамлив медалот и 3-те злато „ќар“ кои ги носи со себе, но би сакал новинарите во еМакедонија да поработат и на она што се вика стил, да пишуваат што и да е, но да не биде статии кои молат за суб. Јас, иако буквално спамирав по сите весници, никогаш не сум напишал статија во која барам претплатници. Сметам дека треба да го искористиме она што ни го даваат весниците, да ја прифатиме нивната вистинска улога. Не дека јас сум многу поарен, ама колку толку се обидував секој ден да напишам по нешто, некогаш пишував интересни работи, некогаш имав шанса да објавам ексклузивни интервјуа, а некогаш немав буквално никаква инспирација и пишував само колку да имам што да рекламирам. Затоа, гледајте колку толку да напишете по нешто, за почеток помалку, после и повеќе, за да се зачува некое ниво во нашето еНовинарство. Видете го примеров, ако не друго. Јас имам фирма за леб, секој ден правам леб и истиот го продавам за пари. Целта, сите знаеме, ми е многу повеќе да заработам пари отколку да им овозможам леб на нашите играчи. Но, преку тоа заработување пари, овозможувам и леб. Доколку барав само пари, без ништо за возврат, ни на поединецот кој плаќа ни на општеството, тоа се вика просење. 🙂 Така и тука, објавуваме некој текст, пишуваме нешто, можеби многу повеќе за медалот и златото отколку бидејќи сакаме да се изразиме, ама сепак и се изразуваме, си го кажуваме своето мислење, за да знаеме дека колку-толку сме ги заслужиле тие претплати. 🙂



За малку ќе заборавев. Еден од 10-те заповеди на еМакедонија се претплати се на секој еМакедонски весник. Инсистирам ова сите да го почитуваме, бидејќи најважно е да се држиме заедно и да си помагаме еден на друг. Освен што им помагаме на другите Македонци, и помагаме и на Македонија, бидејќи тие 5 голд одат кај Македонец, во Македонија. Без разлика на ставовите, политичката идеологија или било што, најмалку што можеме да направиме за Македонија е да се претплатиме на секој весник. 🙂

Се изнапишував. 🙂 Како и да е, останете ми во добро здравје, а Тоалетниот Весник и понатаму ќе биде тука да ве забавува и се надевам што помалку нервира, како и да ви ги понуди интервјуата со многу од важните играчи на еРепублик. Да живее Македонија 🙂

Ваш,

Banned333