[toiletNEWS] Можеби ќе се обединиме?

Day 1,235, 03:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Навистина ми е жал што дури и во една игра ние Македонците не успеавме да се обединиме како едно.. политиката успеа да не раздвои и барем засега да ни ги намали успесите како еДржава..



Можеби и јас не сум многу поарен, од првите денови сум во партија, ама партиите и политиката не значат дека треба сите да се караме, тепаме и сл.. луѓево и на суд отидоа со тие глупости.. Ама пак, конечно се изјасни новиот претседател, повика на обединетост, на едност, на народ кој без разлика на партијата ќе се бори за еМакедонија.. И некои и го послушаа тоа, ама многу таа статија ја искористија како ново бојно поле и како нова можност за докажување на своите способности.. како и да е..



Најинтересно од се ми е востанието во Лигурија. Сфаќам, ќе ни пречи во поврзувањето, зошто да го дадеме и сл.. А нели давањето на територии на Словенија започна во претходниот мандат? Односно тоа не започна ни во еден ни во друг мандат, туку започна кога за тоа се одлучи во нашиот сојуз ОНЕ, нели.. Вчера имаше мнооогу коментари дека ќе го браниме регионот Лигурија без разлика на тоа каков договор имало и сл.. и во право се до некаде, не велам не.. И мене не ми е право гратис да даваме региони за кои колку-толку храбро сме се бореле и сме трошеле пари (не заборавајте колку „јака“ одбрана имаше Италија).. ама тоа е дел од сојузништвото, дел од нашето пријателство со Словенија. Доколку успее нападот на Франција, еден ден и ние ќе видиме нешто добро од тоа, а сега и онака ни се бескорисни тие региони..



Конечно нападнаа Бугарите. Веројатно ги видоа предупредувањата да се чуваме за синоќа и не нападнаа дури сабајлето.. Како и да е, на почетокот ни „тргна“, се надевам така и ќе продолжи и нема да се повтори Софија.. Ама пак гледаме луѓе кои упорно маваат, во втората битка имавме над 3600 поени и уште маваа.. а нели требаше од денес битките да завршуваат на 1800??



Како и да е, борете се за Македонија. Без разлика чии ставови ги носите, без разлика на која партија припаѓате, без разлика против или за кој сте, најважно сега ни е да се обединиме и да се бориме за еМакедонија, најпрво да ја одбраниме, а после здравје и да одиме понатаму. Сепак, заедно сме најсилни. 🙂

Ваш,

Banned333