[toiletNEWS] Нешто смрди во Италија :))

Day 1,224, 05:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333

Искрено, многу ми е чудна целава работа со Италија. Се силеа, напаѓаа и сето тоа и одеднаш КРАЈ. Знам дека се преценија, знам дека сфатија дека не можат туку така да напаѓаат, ама до толку? Па ние, иако многубројни, и не сме до толку силна нација, барем не за да можеме така лесно да кутнеме толкава држава? Водиме војна веќе 10-ина дена, ниедна мини-битка не победиле, 2-3 пати вкупно успеале да имаат помоќен ѕид и толку..



Од друга страна, тука е и факторот што нашиот народ како луд удира на еИталија. Знам јас дека немаме многу војни, поготово кога освојуваме, ама сепак, ѕидот го носиме и до 80 и до 90% без потреба.. сепак мислам дека е подобро колку што можеме повеќе да им помагаме на сојузниците, Србија, Турција (се борат со Грците!!), Унгарија итн.. ама добро, кај секој е застапена таа желба за победа и за освојување, така да разбирливо е што сме сите загреани за еИталија.



Сепак, колку и да ние напаѓаме, колку и да не ги оставаме да здивнат, до толку ли не можат да се одбранат Италијаните? До толку ли немаат сојузници (ЕДЕН можеби ослабнува ама се уште има сила, доволно за да одбрани барем еден главен град) да им помогнат.. Се работи за истата алијанса, а во Хрватска, Грција, Романија итн. имаат солидна одбрана. ОНЕ ги зимаат повеќето битки, ама има неизвесност, губење по некоја мини-битка, завземање ѕид при крајот.. затоа ми е сомнително ова што се случува со еИталија. Иако не би знаел која им е намерата (да претпоставиме дека имаат некоја причина за сето ова), и немам воопшто идеја што би сакале да постигнат, сепак не знам зошто толку лесно ни оди...



Не дека ми смета, далеку од тоа, ама искрено изгледа too good to be true така лесно да освојуваме една држава која е колку-толку силна и која е сепак дел од ЕДЕН.



Ваш,

Banned333