[Tashev] Шпанија на пат за излез од ONE

Day 1,416, 13:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev

Како што некои се запознати а некои можеби не, Шпанија е на пат да го напушти ONE сојузот. Да напоменам уште на почетокот дека оваа статија ја пишувам како амбасадор на Бразил. Бидејќи во сето ова мал дел има и Бразил. Официјална статија моментално сеуште нема испаднато од шпанската страна, но во интернационалните весници се шират гласини. Еве линк од српски весник каде што во детали се опишани причините за заминувањето на Шпанија http://www.erepublik.com/en/article/-scaron-panija-napusta-one-savez-spain-about-to-leave-one--1876922/1/20 .

Да не испаднам како обичен преведувач, па да ја преведувам целата статија мислам дека сите знаете српски и англиски така да лесно ќе разберете 🙂 Во главно причините зошто Шпанија е на пат за испаѓање од сојузот се следните:

1. Напорната и безмислена војна со Бразил.
2. Во последно време ONE земал игнорирачки став спрема Шпанија. Шпанија не добивала доволна помош од страна на ONE сојузот за приоритетни битки.
3. Шпанија исто така била мета на тролање за тоа што Турција не влегла во ONE сојузот.
4. Многу биши сојузници на Шпанија како што се бразилците, во предходните вечери ги молеле земјите од EDEN и Terra да се борат за Шпанија со цел да таа биде ослободена.

Доказ за тоа дека бразилците навиваат за Шпанија и сакаат пак да бидат сојузници со нив е оваа статија http://www.erepublik.com/en/article/-oda-hail-two--1876610/1/20 .

Би сакал да дадам некои мои мислења околу цела оваа работа. Ако гледаме наш интерес, ние не ни добивавме некоја многу значајна помош од шпанците. Но сепак, ако Шпанија излезе од сојузот со тоа ние губиме силен сојузник, како на политички така и на воен план. Од друга страна со ова портите на ONE се отвараат за турците. Незнам како турците коментираат на ова, и дали се сеуште заинтересирани за овој сојуз – времето ќе покаже. Сепак не треба да гледаме многу песимистички кон ова. ONE сојузот во никој случај не е на пат на распаѓање. Напротив, има и многу други земји како што се Индонезија, Иран, Турција што ќе можат да го заменат местото на Шпанија, а со тоа ние а и целиот ONE сојуз ќе добиеме поконструктивен и покорисен сојузник од шпанците, како на политичко така и на воено поле.

Апелирам до челните луѓе на МНР и претставниците на Македонија во ONE, ако се случи ваквото сценарио да Шпанија испадне од сојузот, веднаш да се фанат за работа и да лобираат да некој од нашите најверни сојузници добие статус – членка во ONE. Да бидам поконкретен – да лобираат за турците. Бидејќи доста се жалевме дека турците во последно време не ни помагаат многу. Прашањето е што е тоа што ние имаме направено за да им помогнеме значајно на турците?