[Tashev] Нацрт план за иден поход на Македонија со 10/10 ресурси

Day 1,518, 09:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev
Одамна ме нема да напишам некоја статија, па еве се решив да направам стратегија за следен поход на Македонија. Овој план го испрезентирав на нашиот МоФа - Ел Че Ге а тој понатака го предал на Академијата и Претседателот. Моментално, тешко е да се спроведе ова бидејќи сме заглавени во длабоки го*на, но за во иднина мислам дека би било одлично. Од вас останатите играчи очекувам мислења околу стратегијата. И да, свесен сум дека со објавување на овој план во статија, ќе може да се зголеме нивото на алармантност во ТЕДЕН, но бидејќи добив зелено светло од МоФата еве сега ја објавувам. Повелете на читање...


Поради тоа што предходните неколку месеци гледавме една иста стратегија (војна со јужните, Египет, Саудиска арабија и сл.) се одлучив да направам нова стратегија. Македонија до Индија, преку Турција! Стратегија што може да ни донесе 10/10 ресурси. Планот ќе се одвива во неколку етапи:

1ва етапа - Договор


Потпишување договор со јужните, договорот ќе се состои од две точки:
1. Македонија се согласува да не ја напаѓа Грција
2. Грција се согласува да не ја напаѓа Македонија
Овој договор ќе биде истиот тој од претходниот претседател – Душко Аврамовски со време траење од еден месец, со можност да се продолжи.



Во оваа етапа исто така имаме и таен договор со Бугарија. Овој договор ќе се состои од тоа да бугарите ни дадат премин до Турција преку регионите Софија и Пловдив.

Објаснување: Поради тоа што Бугарија стави ВЕТО на Турција за влез во ЕДЕН, и поради тоа што во последниов период гледаме како повеќето бугари се борат во нашите битки, мислам дека со мирна и мудра дипломатија заедно со бугарите можеме да направиме одличен план - еден вид одмазда на Турција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Грција во никој случај нема да знае за тајниот договор со Бугарија. Бидејќи ако тие го знаат нашиот договор со бугарите, грците нема да прифанат договор со нас, или пак во договорот ќе стават точка – Ненапаѓање на Турција. А со тоа и целиот овој план ќе биде бескорисен. На почетокот кога ќе ги нападнеме Бургас и Пловдив повеќето ќе мислат дека вршиме напад над Бугарија. А тоа е и целта на првата етапа од планот - да целиот еСвет мисли дека вршиме напад над Бугарија т.е. се дистанцираме од југот.


2ра етапа - Турција



Откако ќе бидат постигнати двата договора (договор со Грција и тајниот договор со Бугарија) Преку регионите – Софија и Пловдив го напаѓаме главниот град на Турција – МАРМАРА. Тука почнува и нашиот лов кон ресурси.



Од Мармара походот продолжува кон Black Sea Coast, Central Anatolia и Eastern Anatolia. Со ова, добиваме ресурси (овошје, елен, кокаин и крави). Кога ќе ги освоиме овие клучни ресурси продолжуваме со бришење на Турција. Походот може да продолжи и без целосно бришење на Турција, но тогаш се соочуваме со напади од нив и востанија дигани од нивна страна. Како и да е, и со целосно бришење на Турција пак се соочуваме со напад од Кипар и можен напад од Грција (иако во овој период ќе имаме договор со нив).

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Кога ќе продолжиме кон Иран, мораме да размислеме за преместување на главниот град. Дали главниот град ќе биде во Иран или некаден на друго место, оставам на другите стратези!

3та етапа – Иран



Преку Eastern Anatolia походот го продолжуваме во Иран преку Northwestern Iran, Southwestern Iran и Hormozgan. За да не се соочуваме од постојани напади од турците во овие региони, се договараме со ирачаните да креваат востанија, со тоа ќе имаме едно бојно поле помалце. Тука добиваме два ресурса – нафта и риби (Southwestern Iran и Hormozgan).



Од Hormozgan продолжуваме кон Sistan and Baluchistan и Balochistan. Тука го добиваме и седмиот ресурс – железо. Овде завршува 3тата етапа од планот.

4та етапа Кина и Индија

Во оваа последна етапа се соочуваме со еден голем проблем – Кина. За да допреме до Индија мораме да ги нападнеме кинезите. За да го намалиме бројот на битки, и да освоиме што е можно полесно нови ресурси од Balochistan предлагам да тргнеме вака:

Од Balochistan ги напаѓаме кинезите на регионот North - West Frontier Province каде што го земаме осмиот ресурс – железо и потоа се спуштаме надоле кон регионот Punjab, каде што го земаме деветиот ресурс – жито. Со тоа продолжуваме кон Индија т.е. кон десетиот ресурс.



Од Punjab преку Rajasthan и Madhya Pradesh го напаѓаме регионот Chhattisgarh каде што го освојуваме и десетиот ресурс. Со тоа Македонија добива 10/10 ресурси.



Резиме:

Сите кукаме дека не ни е забавна играта, и дека ни требаат нови походи. Со овој поход сметам дека ќе се одмаздеме на Турција и Кина, ќе се обидеме да допреме до Индија а воедно и играта ќе ни стане поинтересна. Во оваа ситуација во којашто сме сега немаме што да изгубиме, како и да е секој поход па и овој си има свои ризици. За на крај би сакал да додадам дека овој план нема да биде остварлив, ако немаме целосна подршка од ОНЕ. Затоа ако се реши да се спроведе овој план, апелирам до официјалните лица да завземат јасен став во ОНЕ, бидејќи без нивна помош планов ќе падне во вода.



Ваш,
Ташев.