[Tashev] Малите проблеми во иранската влада + интервју со иранскиот МоФа

Day 1,556, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev
Вчера претседателот на Иран – Lord of Alamut излезе со статија (сега веќе е избришана) дека Иран ја менува страната. Т.е. дека Иран ќе се ориентира кон ЕДЕН, без притоа да разговара со другите членови на неговиот тим а во најмала рака без притоа да изготви референдум каде што последен збор ќе има иранскиот народ. При преводот на неговата статија сфанав дека се работи за некаква промена на сојузи/страни, но бидејќи персијскиот јазик е тежок да се преведе дури и на интернет. Се обидов да стапам во контакт со иранскиот МоФа – Boriani. Во исто време кабинетот на Lord of Alamut имаа итен состанок каде што дискутираа на оваа тема. Подоцна добив одговор од Boriani. Целта на претседателот била да го смени сојузот и да се ориентира кон ЕДЕН, а сепак никој не бил запознат за ова. Официјалните водечки лица на Иран (личните советници, Мофите и Модовите) свикале итен состанок каде што се дискутирало, и се дошло до финален заклучок да Иран остане во ОНЕ, и во никој случај да не се размислувало за промена на страни.

Според мене оваа ступидна реакција на претседателот е како резултат од повеќемесечната окупација на Турција врз Иран, и хаосот што моментално владее во ОНЕ и неговата неорганизираност. Сепак многу подобро би било да се консултира со неговиот кабинет, а потоа ова прашање да оди на референдум. Па дури после тоа, официјален Иран да излезе со став дека дефинитивно го напушта сојузот ОНЕ. Секоја чест на совесните луѓе од неговиот тим, што навреме реагирале и спречиле избивање на голем скандал.


_________________________________________________________________________
Интервју со иранскиот МоФа – Boriani

1. Кој е Бориани во РЖ?
- Се викам Majid Besharti и роден сум во 1993 година во еден од најголемите градови во Иран – Mash’Had (http://en.wikipedia.org/wiki/Mashhad).
Учам во иранската средна школа за таленти, каде што учиме 4 години, а ова е мојата последна година. Мојата мајка е вработена во Националната иранска компанија за нафта, а татко ми работи како надзорник во оделот за итни случаи. Имам помала сестра и сум еден од големите фанови на Хари Потер.

2. Дали и предтоа имаш работено во владата?
- Да и тоа повеќе пати. Можете да видете на мојот профил http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/129212 .

3. Дали оваа влада има некои планови за да ја извади Иран од ситуацијата во која што е?
- Да, имаме некакви планови, но нашиот народ го знае нашиот проблем. Губиме премногу луѓе во последниве неколку години, и дневната штета што ја правиме е околу 60 милиони. Но се обидуваме да сториме што е можно подобро.

4. Што мислиш за сојузот ОНЕ, дали добивате доволно помош од самиот сојуз и какви се односите помеѓу Иран и ОНЕ?
- ОНЕ е еден од најдобрите сојузи во последниве неколку години. Хармонијата и обединетоста во сојузот беше клучната работа за доминацијата на ОНЕ низ еСветот. Но сепак не добиваме доволно помош, како и да е знаеме дека сите членки на сојузот имаат проблеми и се во лоша состојба. Англија и Шведска се бришат повеќе пати, Полска, Србија и Унгарија немаат баш добри денови, и мојата омилена земја Македонија изгуби многу бонуси во последниов месец. Додека ние сме избришани од мапата пред околу 3 месеци, и ова е срамота за ОНЕ бидејќи сме полноправна членка во сојузот. Но како и да е, Иран има лоша географска положба, бидејќи сме опкружени со 2 јаки земји (Турција и Кина), но сепак не му се лутиме на ОНЕ. Ние сме трпелив народ.

5. Очигледно е дека ОНЕ е во многу тешка ситуација за разлика од ТЕДЕН. Дали имаш некакви препораки како да се поправи ова, како да се врати ОНЕ на сцената?
- Да бидам реален, мислам дека ОНЕ веќе нема некакви значајни шанси да се врати на сцената. Тониме секој ден, ќе ни треба нов сојуз, со нови методи и нови земји.

6. Што мислиш за Македонија? Објасни ми ги твоите гледишта за нашите односи (Иран – Македонија) како од дипломатски така и од воен аспект.
- Сум бил помеѓу македонците, вие сте прекрасен народ, и имате многу голема почит спрема иранскиот народ. Кога Дон Тас беше претседател на Македонија и јас на Иран, направивме едно пријателство како никогаш до сега. Плативме повеќе од 5000 голд за да го запреме нападот на Кина врз Македонија, застанавме против нив, удривме многу штета врз нив и сите земји во ОНЕ го знаат тоа. После војната, нашето пријателство порасна, направивме многу дипломатски средби и многу воени планови. Тоа беше прекрасно време за нас, ја победивме Кина заеднички, се боревме заеднички и не можеме да го заборавиме тоа. Па мислам дека едно вистинско големо братство имаме помеѓу Македонија и Иран.
За крај би сакал да додадам – „Благодарам на сите пријатели во Македонија, вие сте најдобриот народ во светот, чувајте се и имајте прекрасни времиња“.



Hail Macedonia!
Hail Iran!
Hail ONE!


Амбасадор во Иран,
Ташев