[Tashev] Збор - два за извалканата кампања

Day 1,447, 07:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev


Пред се да упатам честитка кон новоизбраниот претседател, и му посакувам најдобро да си ја извршува функцијата. Сега да преминам на темата. Вчера како да имаше конгресменски избори. На секоја минута шаути од типот – гласај за овој, гласај за оној. Но ок е тоа, секој си има право да си го фаворизира претседателскиот кандидат. За тоа немам замерка. Зборот ми беше за некои дечиња што ги нема никаден на политичката сцена, а ја расипаа кандидатурата на Мацедона за 1 ден! Ќе се пронајдат кои се тие. Со ова не сакам да испаднам г’золижач. Со ова не сакам да испадне дека си ја бранам ветената позиција во МоФа тимот на Мацедона. Туку едноставно неможам да преќутам пред неправдата.

Толку беше смешно, да дечиња од по 13 – 14 години ги решаваат внатрепартиските проблеми преку Мацедона. Па добро засрамете се! Нели чувствувате барем малце вина, за тоа што го направивте. Јас сум уверен дека половина од гласачите Мацедона ги изгуби заради вас. Заради вашите навредливи шаути, вашите навредливи статии каде што обвинувате без никаква логика. На кратко кажано ја обвинувате Мацедона за проблеми што ги имате внатре во партијата. Ја обвинувате за проблеми што таа не ни ги знаеше. Се поставува прашањето – дали тоа го направивте така од ќеиф, дали од тоа што Мацедона ете едноставно не ви се допаѓа или бевте поткупени?

Кои сте вие да кажувате за кој да се гласа а за кој не? Кои сте вие да навредувате и да расипувате некаква работа? Зошто обвинувавте без докази? Зар сте научени само да плукате? Дајте бре деца, ако сте толку храбри кандидирајте се еднаш за претседател! Покажете што можете, покажете ја еднаш добрата страна! Со ова не одам против мојата матична партија ОеМ, и не сакам да испаднам г’золижач како што кажав и на почетокот. Ве молам, (дечиња ова се однесува на вас) воздржете се од вулгарни коментари кон мене и кон другите. Бидете разумни и цивилизирани, а не да навредувате и обвинувате бидејќи очигледно е дека само тоа и го знаете.