[Tashev] Договор Турција-Русија + За дипломаЦките работи

Day 1,369, 05:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev

Листајќи ги денеска новините во еСветот, го видов и официјалниот договор помеѓу еТурција и еРусија - http://www.erepublik.com/en/article/-p-j-1-1845085/1/20

Договорот во кратки црти изгледа вака:

1. Русија се согласува да и го изнајми на Турција регионот Северен Кавкас (North Caucasus) за рок од 1 месец.

2. Турција ќе и биде должна на Русија 100 gold, таа ќе исплати 100 gold кога и двете влади ќе го објават договорот во официјални статии.

3. Текот на војната:

I- Турција ќе ја предложи Русија за НЕ на 18ти август, 2011 година.
II- Турција ќе го нападне и окупира регионот Северен Кавкас на 19ти август 2011 година. Руската влада е должна да ги извести своите граѓани и воени единици да не се борат за тој регион.
III- На 20ти август 2011 година, Турција ќе нападне друг руски регион, каде што притоа Турција ќе биде должна да загуби.
IV- На 20ти август 2011 година, Русија ќе го нападне регионот Северен Кавкас, но притоа Русија да ја изгуби оваа кампања.
V- Ваквите пинг-понг „наместени“ битки ќе продолжат во текот на целата недела.
VI- По една недела, Турција и Русија ќе подпишат мир.
VII- Од денот кога Турција го окупира Северен Кавкас до денот кога истекува договорот, Руската влада ќе биде должна да ги запре сите руски воени единици да се борат во било какво дигнато востание во Северен Кавкас. А турската армија, ќе биде должна таа самата да ги задушува овие востанија.
VIII- Договорот почнува од 19ти август 2011 година, а завршува на 19ти септември 2011 година.

4. Договорот може да биде продолжен за уште неколку месеци во согласност со двете влади. Во случај договорот да не биде продолжен, Турција е должна да го врати регионот на 19ти септември 2011 година.

5. Освен прогласувањето за НЕ на 18ти август 2011 година, двете страни се должни потоа за време на договорот да не се напаѓаат меѓусебно во било каква директна војна се додека трае договорот.

6. После одобрувањето на договорот, двете страни се должни да го објават во јавност во официјална статија, со сите точки и подточки.


Вака изгледа целосниот договор помеѓу Турција и Русија. Меѓутоа претседателот на Русија на крајот на статијата изјави – „Нема да лажам дека сум почестен со договорот, но треба да се каже дека на еРусија и треба малце нега. Немаме толкава моќ да се бориме на десетина фронта. Треба да им помогнеме на нашите сојузници, бидејќи во последните три месеци само баравме помош, а не ја враќавме“.


Се прашувам што се случува? Прво договор со Бугарија, па сега со Русија. Дали ние македонците сме оставени на цедило? Бидејќи големи се шансите Бугарија во координација со Грција да не нападне нас. Како и да е, сета ова неинформираност и нејасната ситуација е одраз на слабата дипломатија на Македонија. Освен конкурсот за амбасадори, нашиот министер нема објавено друга статија. Ретки се тие амбасадори коишто редовно даваат месечен извештај и редовно не известуваат за наглите промени на ситуацијата во земјата во која се ставени. Згора на се, оваа статија што сега јас ја пишувам треба да биде работа на амбасадорот во Турција или Русија.


Како и да е, мое мислење за ваквото однесување на Турција е резултат од „студената војна“ помеѓу неа и Шпанија. Тоа што Турција неможеше да завземе никаков став во ONE, и што цело време беше игнорирана од нив за влез во самата алијанса ги натера турците да се откажат од досадната пинг-понг војна со Бугарија и да почнат да одат на карта за лов на ресурси. Воедно и се во право. Тие немаа никаква корист од војната со Бугарија. А со таа војна нивната првична цел беше и да се докажат пред самиот ONE. Кога увидоа дека немаат ќар од тоа си рекоа – I don’t give a shit anymore.

Толку од мене, не би сакал да го тупам повеќе. И за крај уште еден интересен линк, т.е. интересна статија околу случајот Турција-Бугарија http://www.erepublik.com/en/article/the-real-reason-behind-turkish-bulgarian-peace-treaty-polandball--1845535/1/20 .

П.С. Македонци ајде сите на чет уште малку ке почне војната со Грција ајде да се собереме +200 на #emkd-army.