Интервју со TashaMKD

Day 1,973, 15:40 Published in Chile Nigeria by Kevin09
Со задоволство ви најавувам интервју со ТаshaMKD,првата жена која беше преседател на еМакедонија и претседател на Републиканска партија член на единицата АРМ-ТИГРИ и една од малку жени на ерепублик во еМакедонија.Во интервјуто ќе разговараме на многу теми за ерепублик и надвор од него.Се надевам дека ќе го задржиме нашето внимание и ќе го прочитате до крај.

Ова е во целост интервјуто со TashaMKD






Најпрво да ти се заблагодарам за одвоеното време и што прифати да ми одговореш на прашањата.

1.Иако многумина играчи те знаат како TashaMKD.Дали можеш да ни кажеш која е личноста која се крие зад акаунтот на TashaMKD ?

TашаМКД е Наташа од Скопје, имам 31 година. Повеќето од Ерепублик ме знаат од собиранаките

2.Која е личноста на која треба да бидеме благодарни што денес ја имаме TashaMKD на ерепублик ?

Брат ми – Stanojoski, кој е баниран веќе подолго време. Он ме зарази со играва… купуваше-продаваше голд, тенкови, одеше на собиранки сето тоа на почеток ми беше чудно, само знам работев гага кај него и тренирав, друго ништо не ми беше јасно хе хе
Веќе кога почнав да фаќам БХ почна да ми станува интересно и да дремам 24/7 на ерепублик.


3.Веќе една година го играш активно овој акаунт што е она што успева да те извади од такт кога го видиш на ерепублик ?

Кога ке добијам ПРЦ, па не е фер.... ха ха ха ха
неможе ништо да ме извади од такт, сепак се обидувам да останам искулирана


4.Многумина од партијата на која и беше претседател не и се допаѓаше идејата за оформувањето на Тморо,кој е твојот став на таа тема ?

A на кого би му се допаднала таква конкуретска партија/здружение со обединети силни акаунти и
големо членство на послаби играчи,ама најактивни.


5.Кој се твоите планови за во иднина.дали повторно ке бидеш претседател на Републиканска партија или може да те очекуваме повторно во трка за претседателското место ?

Хм, не размислувам ни за едното, ни за другото.
Мислам дека е доста седење 24/7 онлине на ирц и ерепублик, дефинитивно одам во е-пензија
Ќе продолжам како што почнав на почеток 3-4 мин мах, така и веројатно ќе завршам


6.Секогаш си министер за здравство и секогаш помагаш на еБебињата,која е причината што многупати донираш и свои средства за ваквите поделби ?

Ми текнува кога почнав јас да играм, како нов играч среќа имав што наидов на Тигри, Трте Т, брат ми Станојоски , Ел Че Г, Роберт кој несебично ми помогнаа. Да не беа они веројатно и ќе се откажев уште на почетокот . Затоа сега колку можам помагам на сите бебенца, секој почеток е тежок.

7.еПолитиката е сведена на минималното ниво што мислеш која е причината поради таквата ситуација ?

Едноставно никој не се замара за ништо... Во секоја партија има по 2-3 активни, тоа не е доволно за добро да функционира...што повеќе да кажам....
ТМОРО е единствената партија која што е многу активна
Браво за младите играчи кој навистина многу се трудат


8.Кое е твоето мислење за оние играчи кој ја напуштија еМакедонија и заминаа во зејмите кој имаат рудници ?

Од една страна ги оправдувам и разбирам, мали плати, економија никаква, едвај да се преживее некако.


9.Дали некогаш би ја напуштила еМакедонија и би заминала во земја која има рудниk ?

Не, еве како што гледате, си останав во нашата мила еМакедонија и копам бунари, а не злато


10.Твојата единица Тигри е една од најбројната и најуспешна во еМакедонија. Кој е главниот “виновник “ за тоа што Тигри се тоа што се ?




Тигри се тоа што се ?

Тигри, колку моќно звучи....

Моментално има 278 членови единицата Тигри, командир еДаворск8, но Тигри не би биле тигри без Трте Т и Роберт (ONCE A TIGER ALWAYS A TIGER)

Хаил Тигри




11.Дали мислиш дека еМакедонија би требало да потпише НАП со Грција и со тоа да ја затвори таа пинг-понг војна која и на двете земји и попречува својата штета да ја насочат кон други цели ?

НИКАКО !!! Има да се бориме со сета сила против Гејците !!!!


12.Дали некогаш си размислила за откажување од ерепублик и ако си размислувала која е причината за тоа ?

После мојот мандат бев двоклик малку одморив и мислев ќе се откажам, но...сеуште сум тука хе хе хе
Среќа работата ми дозволува да седам 8 часа на ерепублик, па некако потешко да се откажам


13.За крај што е она што би го порачала на играчите на ерепублик ?

Ова е пред се САМО игра, бидете релаксирани и размислувајте со ладна глава. Создавајте тука во виртуелна игра реални и вистински пријателства,(може и да се роди некоја љубов ха ха ха), а не спротивното
ВОДЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ВОЈНИ


14.Дали има нешто што сакаш да ни го кажеш а што не те прашав ?

Па еве еден апел до сите играчи на ереп, секогаш да им помагаат на бебенцата тие се нашата еИднина.


Ви благодарам на сите кој го прочитавте интервјуто до крај.Во иднина очекувајте интервју со уште една девојка која ни ја краси нашата мила и сакана еМакедонија