Бори се... [TashaMKD]

Day 1,801, 14:05 Published in North Macedonia North Macedonia by TashaMKD

Научи се да се бориш за она што го сакаш. И за она без кое ќе страдаш. Бори се со желба и од срце зошто само така ќе успееш. Не дозволувај првата пречка на патот да ти ја сруши надежта по она по кое што копнееш. Да те обесхрабри и да те натера да се откажеш. Цени си ги солзите и не дозволувај да бидат пролеани за секого. Љуби искрено и од срце и не дозволувај пријателството да те задоволи, туку бори се за љубовта зошто таа ќе те исполни. Бори се до крај-стигни до врвот. Немој да живееш во спомени тие само ќе те задушуваат. Научи да живееш само за себе пречекувајќи ја со раширени раце секоја шанса што ти ја нуди животот. Не се затварај во себе и не срами се да го кажеш она што го чувствуваш. Научи со насмевка да го примаш секој пораз и свати го како можност да се подобриш и издигнеш како личност. Отвори го ширум твоето срце за оние кои те сакаат. И не труди се да заборавиш некого, бидејќи со тоа ќе треба да заборавиш поголем дел од твојот живот. Ќе треба да се заборавиш себеси… Бори се чесно и до крај, бори се со срцето, а не со разумот. Па дури и да бидеш поразен крени ја гордо главата и зачекори кон иднината. Биди среќен што си имал храброст да го направиш тоа. И добро е што си пробал отколку цел живот да се каеш што си бил кукавица..Не се разочарувај, бидејќи во животот постојат луѓе кои те ценат и сакаат и кои Секогаш ќе бидат со тебе...