[Tуториал]Добре дојдовте еБeбиња.

Day 1,164, 12:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Ilija93


Утре на ТВ Сител на емисијата журнал ке биде промовирана играта,за нас ке издвојат 20 минути,што значи дека ке има прелив на нови играчи па така решив да делам мекици, се шегувам.Гости ке бидатGokaGrozni и Fantomsky.Ке има и репризи.Теми на разговор ке бидат за тоа пред колку време настанала играта , функционирањето на државата ,војната со Бугарија и логирање во живо како би се објаснало како се игра играта.Сето ова го добиваме благодарение на ivan.aka.friday.Сите гласајтеја статијава за да излезе во ТОП5 сите утре ко ке се вклучат да ја видат!!!



На сите нови играчи им пожелувам топло добре дојде им пожелувам да се дружат и да се забавуваат и да им помогнат на Македонија.Вие претставувате иднината на Македонија.Да не филозофирам многу еве мал туторијал за играта:

Како се игра?

.Сите кога се регистрираме ке почниме да се бориме со Бугарите и Грците и ке ги победиме, но реалноста е друга.На почетокот се што треба да правите е да работите и тренирате бидејки само така од бебина ке станите ѕверови.

На оваа слика вие прикажана почетната стана..


1.Ваша слика и нивото на кое се наоѓате
2.Meни.
3.Мисиите кои треба да ги извршите
4.Здравје(треба цело време да работите со 100ка , бидејки со тоа се постигнва поголема продуктивност)
5.Активни војни во кои можите да се борите(најважно е да не се борите дур не постигните над 500 Strength)

На оваа слика вие прикажан маркетот за работа,каде можете да се вработите.Market-> Job Market


1.Скилот на работа
2.Квалитетот на компанијата
3.Што произведува компанијата
4.Платата која ке ја добивате дневно со секое работење
5.Аплицирање за да се вработиш

За да работите одете во My Place->Company
Oткако ке го направите тоа ке се отвори следнава страница..


1.Најважно е да работиш со 100ка здравје.Доколку работите со помало од 90 ке можете да добиете отказ.
2.Resign значи отказ!Доколу сакате да дадете отказ кликнете на тоа, но да знаете отказ смеете да дадете тек после 3 дена откако ќе се вработите!
3.Бустери за работа.Додека немате злато користете го првиот кој е бесплатен.
4.Вашата плата(без одбиен данок од 10😵.
5.Напредокот на вашиот скил за работа!

Oткако ке го изберите бустерот ке се појави следното..


1.Платата која сте ја добиле (со одбиен данок).
2.Износот на работниот скил кој што сте го добиле работејќи!
3.Вашата продуктивност.
4.Бројот на производите кои сте ги произвеле.

За да тренирате одете во Мy Places->Training groundsкаде што ке ја запознаете згодната Лана.Кога ке го направите тоа ке ви излезе следната слика..


1.Вашата моментална сила.
2.Бустери за тренирање

Кога те притиснете на вашата слика ке се појави вашиот профил кој што треба да го уредите.



1.Државата и регионот во кој се наоѓате (кликнете на Change и можете да се преселите).
2.Вашето државјанство.
3.Компанијата во која работите.
4.Политичката партија во која сте зачленети.
5.Името на вашиот весник доколку го имате.
6.Вашите пријатели во еРепаблик.
7.Копче за промена на вашиот профил.
8.Вашето здравје.
9.Вашиот левел и поените за искуство.
10.Медалите кои сте ги освоиле.
11.Вашиот скил за работа.
12.Вашата сила.
13.Војниот ранк(бодовите ги добивате со борба).

За да ја уредите треба да притиснето на копчето Edit profileкое се наоѓа во горниот десен агол.


1.Овде можете да напишете било што за себе.
2.Овде можете да внесете слика за вашиот профил.
3.Овој дел не го гледа никој освен вие и админот (доколку сте помали од 14 може да ви го блокираат акаунтот).
4.Овде можете да го промените вашиот меил.
5.Пред да промените било што мора да го напишете пасвордот.
6.Кликнете овде доколку сакате да го промените пасвордот.
7.Кликнете овде за да внесете ПИН за дополнителна заштита на вашиот профил!

Доколку сакате да си купите храна , оружје , карта за патување,жито ,и други работи одите во Маrket->MarketplaceОваа слика е од стариот маркет ама ке се снајдите. 😃


1.Овде го избирате производот кој сакате да го купите.
2.Овде ја избирате врстата на производот(според квалитет).
3.Кога ќе кликнете Show Results ќе ви се покаже соодветниот производ!

Koга ке си одберите шо ке купите и ке притиснете Show Results се јавува следната слика..


1.Квалитетот на производот.
2.Името и линк од производителот.
3.Количината од тој производ која моментално се продава.
4.Цената на производот (секогаш се наредени од најевтиниот кон најскапиот)
5.Овде запишете колку производи сакате.
6.Стиснете на Buy за да купите.

Најважно за новите играчи како и за сите останати е да ги читаат весниците бидејки преку нив најмногу ке научите како од оваа статија 😛 На оваа слика ви се прикажани најчитаните весници и ова се наоѓа на почетната страна под битките.


1.Весниците се подредени по бројот на гласови (VOTE).
2.Весниците се подредени според датумот на издавање(тука се прикажани најновите).
3.Весниците со највеќе гласови во сите држави.
4.Име на статијата.
5.Број на гласовите кои статијата ги има добиено.
6.Кликнете за да видите повеќе весници.

За неколку денови ке има и втор туторијал каде што ке се објаснува на користењето на Chat-от.Доколку има некој нешто нејасно слободно може праша во коментар и ке му биде одговорено во ПМ.





Ilija93
News from eMacedonia!