[svetecot] Кандидатура за претседател

Day 1,779, 10:09 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

Поздрав еМакедонијо,
Каде и да сте, со кого и да сте на 5ти октомври дајте го вашиот глас за вистински кандидат наместо за медар... Во оваа кандидатура ќе го видете тимот за мојот мандат.

1. Министерство за Одбрана
-Во ова министерство ќе бидат сите еМакедонци, ако ме прашате зошто, секој кој сака да помага во поделби и такви работи слободно ќе може тоа да го направи... За сите постапки во тој период ќе решава Академијата составена од постари и поискусни играчи т.н. медари... Рефундот ќе продолжи да се дели како што е и сега, според бројот на потрошени тенкови. Во државната единица главен би бил некој што би бил дел од академијата...

2. Министерство за Економија
-Во ова министерство ќе бидат сите кои ќе се пријават, ќе се пишува статија за неделни трошкови од НБРМ и државните организации.

3. Министертво за Надворешни работи
-Во ова министерство ќе бидат сите оние кои ќе бидат заинтересирани но имаат и искуство. Ќе се работи да се задржи сојузништвото со Србите, Унгарците, Чилеанците, Индонезијците и Бугарите...

4. Министертво за Информирање
-Ова министертво ќе објавува статии за новите промени во сојузите и промените во играта. Ова министерство ќе го сочинуваат Тајгер Маседониа, ДаТруперШест, АнтиталенаТ и ЧаЧаРа ако се сложуваат.

5. Министерство за Образование
-Ова министерство ќе објавува статии за новите играчи во нашата еМајка. Сите кои се заинтересирани нека ми пишат порака.

6. Министерство за Здравство
-Ова министерство ќе го води Krismaster7, секојдневно ќе се дели на младите играчи...

Сигурно си мислевте дека заборавив кој ќе биде премиер, секако дека не заборавив. Тоа ќе биде..... Вендиииии.

Искрено ваш,
svetecot