[ПРЕЗЕНТАЦИЈА] Sun Warrior за Конгресмен

Day 1,187, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Sun Warrior


Здраво еМакедонијо!!!

Другари еве решив и јас да се пријавам како кандидат за конгресмен на идните конгресменски избори преку најголемата партија во еСветот, Обединета еМакедонија (ОеМ), кои ќе се оддржат на 25. Февруари.

Од каде да почнам....па вака, пред се сметам дека ги исполнувам сите правила и критериуми кои како услов ги постави ОеМ за идните кандидати за конгресмени на следните избори, и мислам дека ќе бидам повеќе од доволно способен да ги извршувам сите функции кој ќе ми бидат наложени од страна на партијата, и кои ќе бидат од интерес за еМакедонија.



Во играва сум одамна....скоро 3 години (баниран веќе два пати, но без гајле сега сум чист). Имам 25 години, се викам Димитар, роден во Охрид и моментално сум на постдипломски студии во Италија, но доволно за мене, ајде нешто повеќе за еРепублик.

По подолг период на тешки исцрпувачки војни, еМакедонија конечно веќе некое време живее во мир и просперитет, се консолидираме од мачните воените трауми и полека но сигурно почнуваме економски да заздравуваме.

Овој, според мене поствоен период, кога нема војни, не сме во опасност од напад на некоја наша соседна држава е совршен повеќе да се посветиме на економската отколку на воената состојба во еМакедонија, односно со какви проблемите се соочува нашата економија и кои се решенијата.

Е токму ова ќе биде мојата најголема цел и опсесија доколку бидам избран за конгресмен....Економски Напредок! А како што сите знаеме доколку има економски напредот, ќе има и силна војска!



Моментално како што и самите гледате нашата економијата постепено се стабилизира, полека се зголемуваат цените на ресурсите, се зголемуваат цените на производите, а со тоа се зголемуваат и платите на работниците.

Како ваш конгресмен пред се ќе се залагам економијата да продолжи да се движи во овој правец, потоа за конечно стабилизирање на курсот на денарот и за дефинитивно препознавање на еМакедонија од страна на останатите виртуелни држави на еРепублик како светска воена сила која ќе биде за респект, а тоа можеме да го постигнеме само со здрава и јака економија.

Сите знаеме дека конгресмените се повеќе од ограничени, односно имаат можност да гласаат само за предложените закони и ќе можат да предложат само два нови закони, но и тоа е доволно доколку знаеш кои ти се целите и должностите.

За крај....Доколку бидам избран за ваш конгресмен ветувам дека ќе бидам отворен за сите граѓани на еМакедонија, за сите ваши предлози, поплаки....тука сум за да му служам на народот и државата, и се надевам дека достоjнo ќе ја извршувам оваа улога.

Да сте ми живи и здрави еМакедонци!
...е сега вие сте на ред! Толку од мене!



Ваш,
Sun Warrior