За што се направени специјалните понуди (special offers)

Day 1,804, 03:31 Published in North Macedonia North Macedonia by WajaX

Најпрво морам да признаам дека ова е превземено од друг играч, но со доддавано мои зборови 🙂


Специјалните понуди Плато ги користи за да те принуди да купиш голд од кај него. Ќе си речете ова е бесплатна игра, но не е баш така. Сепак Плато сака да заработи од играва и плус мора да им даде плата на соработниците (на админите).
Специјалните понуди се во играва уште од почетокот. Секогаш се во ограничен период, но ги има барем еднаш во месецот.


Еве видете една анализа од друг играч за последните 70 дена

Секоја различна боја е друг вид на понуда
27 понуди за 70 дена(на секој трет ден 1 понуда)
Максимално траење на понудата 122 часа
Минимално траење на понудата 24 часа
Просечно траење 77 часа.
Ако плато дава секој трет ден по една понуда и таа трае 77 часа, тоа значи дека во секој момент има по 1 понуда(не е така секогаш бидејќи некогаш во исто време има повеќе понуди).
2 076 часа додека трае понудата = 86.5 дена ! Анализата траеше 70 дена.
Има само 8 типа на понуди.
Приметувате дека највеќе се повторува понудата за 30% повеќе голд.
Една анализа со дијаграм

Заклучуваме дека Плато дава премногу често Специјални понуди.
Што мислите, на нас(еРепубликанците) ни се исплатат повеќе или на него?


Поздрав од WajaX