[Sparks of insanity] Ма ќути пи*ка ти матер [Arguing with myself]

Day 1,236, 16:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar Markov MMK

Епа БРАВО, значи ова веќе личи на нешто, новата управа полека почна да си влегува во браздата. Не ми е цел, некого да критикувам или бранам, иако Радо не е некој за кој имам слушнато добри работи, напротив, но денеска дечкото си ја заврши работата супер, седеше на армискиот канал, беше организиран, имаше ред, даваше наредби кои сите ги слушаа (барем тие што беа прсутни), е сега незнам дали тоа беше под нечии инструкции или дечкото сам се снајде, но во глобала мене ми се допадна.

Токму за инструкците сакав да кажам збор два, со сета почит кон дечките од АрМакедон, тие веќе се добро созреани во Новиот Свет а меѓу нив има и добри водачи, е сега, наместо да продолжат со критиките кон новата управа на еМакедонија, нека пробаат да им помогнат, да им дадат совети, да им покажат како тоа најдобро се прави, нека биде за доброто на еМакедонија. Се докажаа и Кирил и Јунајтед и Ванчо и Драш а најмногу Струмјанин, еххх, ќе го бараме тој човек... па оставете и некој друг да ја осети одговорноста на свој грб, ако не го бива, и самиот ќе побара помош.

Гледам овие денови, или поточно денеска, се рушат пријателства од РЖ за проклетва игра, абе луѓе дај не се зафркавајте, на крај краева има и други начини за просперитет во играва освен преку добивање на власт и функција. Престанете со ниските удари, секако не треба да се иневери народот, но сепак, да бидеме лојални на пријателите. Да бидеме реални, кој и да дојде на власт, ако не стави нешто на страна за “црни денови“ тогаш за мене тој не е човек, и волкот сит, и овците на број.

Околу паравоените шо има да се каже, кучињата си лаат, караванот си оди, ако капне некое тенкче како рефунд ќе капне, ако не ќе се снаогаш сам и за леп ќе трпиш. Некои од паравоените до некое време беа отстранети од програмата за рефунд, не дека беше којзнае колку голем но сепак доволно е вниманието. На пример мене 50 мкд ишто не ми значат, вака или онака ќе ги направам денеска, но доволно е што ќе бидам спомнат. Е сега зошто биле отстранети, неможе цела единица да сноси последици како резултат на непослушноста на еден член, се борел сам и сега ај, нема рефунд за цела единица, ајде беее.... ако се борел нека се бори, нека му биде изречена казна внатре во единицата. Според мене, секоја единица треба да биде рефундирана, ако нејзиниот инфлуенс и е потребен на државата се разбира, треба да се пресмета колку секоја единица е способна, ако на државата и се потребни услугите од некоја, тогаш единицата е должна да го испорача бараниот инфлуенс, се разбира разумен, е сега ако некој на своја глава се борел, и единицата не го испорача бараниот инфлуенс во битката, тогаш нападот нека падне на грб на самата единица, нека се снаоѓаат!!!

И еден предлог, да се направи канал накој ќе се даваат наредби на цивилите, колку толку ама ги има доволно. Да не го трошат загарантираното секој ден, без врска, во непотребни битки, да не речам да се борат само за ранк да фатат, без никаква корист за еМакедонија...

Бидете ми поздравени

И АрМакедон
И Панзер
И МТО
И моите Алфаци (да ги ручам)
И Хаос
И Илуминати
И МСК
И Тигри
И Волци
И Силвер Шиалдс
И Фалангата Македонска


Да бидеме едно, и да си помогнеме на самите себе, дојде ли некој да не зафркава, ќе го тепаме, море и ќе го е*еме ако треба, ако не.... ќе бидеме ние..... она врторото!!!!
Остани ми еМакедонијо со 100 здравје, како некои што знаат да кажат, па и со 200 ако се смилува Плато!!!!