Претседателска кандидатура [Severrus]

Day 2,540, 11:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Поздрав Македонци и Македонки,

Ви се обраќам со цел да ви ја претставам мојата кандидатура за Претседател на еМакедонија.

На играва дојдов со првиот Бејби Бум од Телевизија Сител, и имам стекнато големо искуство во механизмите на играва, и самата политичка ситуација во еСветот.
Во политичките води сум од мандатот на Александер Македон, месец Мај, и оттогаш наваму сум ја претставувал Македонија повеќе пати како Министер и заменик Министер за Надворешни Работи, два пати Командир на Аурора, и Македонски Амбасадор во Ирска.
Со сето ова сметам дека имам доволно искуство и знаење за да продолжам до ултимативниот чекор, Претседател на еМакедонија.

Минатиов месец беше доста активен, и чест ми е да кажам дека бев дел и од оваа Влада.
Моите напори за ослободување на еМакедонија покажаа резултати со интервенцијата на Аурора наспрема нашиот јужен сосед. За жал, резултатите не беа такви како што посакувавме, ама сепак тие беа без сериозни војни долго време, и можам да речам дека се доста истрошени. Наредниот месец и тоа како ќе биде интересен, можеби и одлучувачки за нашата земја.

Затоа, одбрав познат тим на кој што можам да му верувам и тим со кој ќе постигнеме резултати поволни за нашата земја. Половина и повеќе од овие луѓе се поранешни Претседатели на еМакедонија, луѓе со позиции и искуство.
Дозволете ми да ви го претставам тимот за наредниот месец:

Претседател: Severrus Snape
Советници: Stole Lazarov и mane komita

Премиер: ivansk

Министер за Надворешни Работи: Aliss Wonder

Министер за Одбрана: Alexander Macedon

Министер за Здравство: Wendy Power

Министер за Образование/Информирање: dDejan

Исто така донациите ќе продолжат и овој месец, предводени од добро познатиот lazarosaMKD



Гласајте на 5-ти за кандидатот што сметате дека е најдобар, и со среќа на останатите кандидати! o/


Со почит,
Северус Снејп