[sarmetina] Доаѓа и мојот крај ....

Day 1,536, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina
[sarmetina] Доаѓа и мојот крај ....
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1960173/1/20


Досадна, неинвентивна и практично издишана...
Од софтвер на кој му се воодушевував и за чиј развој во Македонија давав се од себе, eRepublik преасна во едно големо разочарување.
Гледајќи што се случува со мојата некогашна пасија, од ден во ден станувам се пофрустриран и ја губам желбата за играње.
Ако порано, чекав на саат да дојде 9 сабајле за да изработам и истренирам, денеска се случува во 9 навечер уште да ги немам средено овие работи.
Искрено, ме фаќа опасна носталгија, за оние времиња кога се пазевме од камикази, кога имаше економски скил, кога беше важно кој левел е работникот, коа имав само 10 к1 лебари и ништо повеќе...
Ми фали времето кога често пишував статии и понекогаш размислував да се вклучам во политиката како конгресмен или претседател.
Од денеска, ми фали и времето, кога сакав да играм еРепублик и кога можев по неколку часа да вработувам и отпуштам работници, да се тркаме со платите на ЈМ, да се нервираме со цените на производите.
Но, ако некој мисли дека тоа го зборувам низ призма на парите кои ги заработував, греши...
Како етатко на многу еМакедночиња, знаете дека имам солиден број на реферали, од кои можам да живеам без ниту една фирма. Не ме интересираат виртуелните пари ниту пак виртуелното злато. Нив ги собирав и правев исто како што би собирал иправел флота, кога би играл Ogame, или пак како што би собирал букви и поени ког би играл Тублепоп (се сеќавате ваљда на играва)
Злато од ММ немам купено не знам колку време, денарите ми стојат... не сум фатил дневна награда со недели....
Единственото нешто што можеше да ме натера да седам 4 саати пред компјуер, сега е минато.
ИЗработуваш, тренираш, се испукуваш и логаут... Дали е тоа поентата на оваа игра?
Се разбира дека не... требаше да се дружиме, да се заебаваме...
Но.. тоа е тоа..
Што добивме?
Добивме една игра во која се изгуби она што беше најинтересно. (за мене економијата) Во неа веќе не важат економските закони, пазарот се движи надвор од секоја економска логика, цените одат како шо сака Плато и се тоа поради проклетите пари..

Како еден излечен зависник од дрогата наречена oGame, ќе Ви го пренсем моето искуство.
И таму, коа почнавме да играме, не беше важно дали татко ти бил дирекор па ти да можеш колку сакаш да ми ги цицаш картиците. Единствен начин да бидеш на врвот беше да киснеш пред компјутер и да фармаш (знаат тие што играле што е тоа), да напаѓаш и рециклираш.
Наеднаш се вклучија софтверски додатоци кои се купуваа со РЛ пари, па имаше играчи кои можеа да си платат, за да бидат подобри од тебе. НО тоа на креаторот на играта не му беше доволно, па овозможи да можеш со пари за еден месец да го купиш се она што јас без пари го градев со години....
И исто како и овде, престанав да се замарам... престанав да фармам, после некоја недела, престанв и да се логирам, го ставив акаунтот во мирување и ја заборавив адресата....
Цела една екипа прекрасни луѓе заедно со тој акаунт, отидоа во заборав....
Носталгија...

Овде се случува истото.... иако уште кога почнав се гледаше големата алчност на краторите на играва...
Прво им се восхитував што успејаа да ги искористат националистичките фрустрации (пред се на балканските држави - најфрустрирани се и најактивни на играва) за да заработат. Викав браво, ќе те натера за да испукаш виртуелна штета за твојата држава, да фрлиш реални (значи не виртуелни) 100 евра..
Браво дечки... ве бива...

Но, колку повеќе расте алчноста на креаторите... толку повеќе играва губи драж..
Еве сега, целта со новите промени е да купиш 2,3,4 и повеќе тенкари. Да ја исплакнеш картицата на татко ти и да станеш „голем“ еиграч....
Малку им беа парите кои ги влечеа од играчите за војување,па сега удрија и на економскиот модул...
Но тоа е... секогаш ќе има луѓе кои ќе куцаат картици, а колку повеќе имаат, креаторите на играта толку полакоми ќе стануват...
Ова сигурно е една од последните мои статии, ако не и последната. Сериозно размислувам да се повлечам од играва, бидејќи знам, дека со секој нареден апдејт, пред очи ќе ми излегуа големата уста на ненаситниот Плато, на кого сакам да му кажам.. ВРАТИ МИ ЈА ИГРАТА

За крај им се извинувам на СИТЕ кои поради мене и моите акци се заразија со играва... Кога ве канев да играте тука, мислев дека ова е најинтересната броусер ира во светот.. Но... сега веќе не мислам така



[sarmetina] Доаѓа и мојот крај ....
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1960173/1/20