[sarmetina] ВО БОРБА СО ПРЕСКАПОТО ЗЛАТО

Day 1,431, 15:00 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] ВО БОРБА СО ПРЕСКАПОТО ЗЛАТО
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1887095/1/20
~~shout~~


Македонскиот монетарен пазар се соочува со сериозни проблеми. Цената на златото се згоелми на 1250 денари што претставува рекорд во емакедонската историја.

Главна причина за ваквата ситуација без дилема е попустот за надградба на фирми, кој од денеска е актуелен и ќе трае во наредните денови. Со оглед на тоа дека многу играчи собираа злато за сега да ги надградат фабриките, денарот ни ги сруши сите негативни рекорди.

За оние кои не ја разбираат ситуацијата еве што се случува:
Бидејќи цената на надградбата е намаелна на пола, играчите интензивно даваат голд за да ги надградат фирмите. Нивниот голд кога ќе се потроши за фирма, практично се уништува, со што се создава недостиг на злато на нашиот монетарен пазар. Нормално, кога нешто го има во помали количини тоа станува поскапо.


Со оглед на тоа дека мораме да ги надградуваме компаниите и ова е погоден моемент за тоа на Претседателот и катуелниот конгрес му предлагам значително зголемување на даноците.
Нема да излезам веднаш со бројки, но доколку постои расположение за ваков чекор, подготвен сум да направам пресметка и да му помогнам на Министерството за економија да предложи нови даноци.

Што добиваме?

Знам дека за многу еграѓани самото тоа зглемување на даноците им прави паника. Но, кога би се зголемиле даноците, во државната каса би имало поголем прилив на денари од сегашните 100.000 (колку што може да се префрли за еден ден) Со оглед на тоа дека нема да можеме да трошиме повеќе од 100.000 на ден, се што ќе се собира над тоа ќе останува во државната каса и ќе се исстиснува од македонската економија. Кога ќе почнат да фалат денари на пазарот, златото автоматски ќе стане поефтино. Ќе се случи обратната ситуација од оваа што ни се случува сега...



Оние кои и натаму се против оваа идеја нека пресметаат колку губат со тренингот со бустери кој од ден во ден станува поскап, и колку губат на дневно ниво кога од еден до друг ден, златото поскапува и по 100 денари...

[sarmetina] ВО БОРБА СО ПРЕСКАПОТО ЗЛАТО
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1887095/1/20
~~shout~~