ДВЕ РАБОТИ [ S T R ]

Day 1,234, 02:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin




Пак јас, овојпат само накратко, да го кажам својот став за две важни работи...


1. Импич. Мојот став е: НИКАКО! Престанете и да го зборите тоа.

Пре-пре-пре-рано е за такво нешто. Нема ниту основа за тоа во моментов. Не би сакал да видам такви екскурзии, особено не сред војна. Дајте им на луѓето шанса. Сакаа власт – добија власт. Ај сега нека се покажат.

2. Било тешко..?!? Се разбира дека е тешко.

Нападот на Софија беше почнат по изгласувањето на Конгресот и координацијата со цел сојуз. Нападнавме заедно со Србија и Турција. Ние не можеме во Сојузот да речеме “Дечки, кај нас се менува власта па ние нема војуваме”. Власта се менува на 6ти во цел Ереп. Војните не престануваат.


Јас дојдов на власт кога беше мноооооогу потешко одошто вчера.


ДАЛИ сте виделе ЕДНАШ да го нападнам Драш или било кој друг?

Тогаш касата беше празна - сега е преполна. Тогаш немавме резерви – сега имаме! Тогаш немавме Генералштаб – сега имам куп силни единици. Тогаш немаше Сојуз – сега имаме! Значи, немојте да почнувате со плачење и обвинувања. Најлесно е грешката да се бара во друг!


Совет до власта : прочитајте ја Кандидатурата на Демигод – издржана и со многу добри предлози. Дури ни тој, со цело негово искуство и тим, не планираше да го менува МоД (на пример)... Размислете зошто. Неговата кандидатура може да ви помогне многу како треба да се тераат работите.



ДООБЈАСНУВАЊЕ за војната со Бугарија :

Гледам, има нејаснотии зошто сме ја нападнале Бугарија...

Да ја разгледаме состојбата на Сојузниците:


1. Полска - 4 земји ја прогласија за Н.Е.

2. Шпанија - војува против Америка и Бразил

3. Унгарија - во костец со Романија

4. Србија - војува на 100 фронта !

5. Турција - нападната од Бгвија и Бугарија.


Додека сите тие се бореа со силни противници, ние мававме 70%+ штета на Италија ! Сојузот побара од нас уште порано да се вклучиме во посериозна битка. На база на нашиот референдум - издејствував прво да ја избришеме Италија.


Јас лобирав да ја нападнеме Франција. Не успеав во тоа. Остана или Бугарија или Грција. Значи, со еден од нив мораме да војуваме ! Проблемот со Грција е ШТО МОЖЕ да не' брка по Италија ! Пак ќе имаме заедничка граница - дури и да ни ги земат оригиналните територии.


Затоа, на ниво на Сојуз се одлучи да нападнеме на Бугарија заедно со Србија. Тоа е тоа. Тоа е генезата на војната.


Впрочем, и нашиот референдум гласаше - прво да ја избришеме Италија, па да нападнеме некој од соседите. Така и бидна.


Поздрав !


Струмјанин


И остајте да се одморам 😛