[ S T R ] Кандидатура за ВТОР мандат

Day 1,198, 12:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Почитувани еМакедонци,


...помина еден месец. За мене, доста бурен, напорен и динамичен. На 4ти Март, ден пред изборите, ќе го поднесам мојот отчет за претходниов месец со сите детаљи. Денеска ја објавувам мојата кандидатура за втор мандат за Претседател на еМакедонија.


Дали да се кандидирам? Многу размислував и се думев. Од една страна, многу ме оптеретија разните конфликти, навреди и препукувања и силно ме туркаат надвор од “еПолитиката”. Од друга страна, бев засипан со пораки на подршка и за тоа сум многу благодарен. Добив поддршка од поединци членови на разни партии, разни паравоени организации, со разни нивоа на искуство и сила. Тоа е чудото кое ме охрабри да се кандидирам пак – да бидам фактор на обединување на сите еМакедонци. Само за тоа се кандидирам – посилна еМакедонија со СЛОЖНИ МАКЕДОНЦИ !


Претходниов месец беше период на консолидација и штедење. Ја опорававме еМакедонија од војната која ја опустоши. Затоа, Февруари беше нашиот втор почеток – кога еМакедонија ја вративме на здрави нозе.


Пред нас е нова ера. Со пробивањето од Западна Србија излегуваме од кафезот во кој бевме затворени. Сите Балкански еНации се премногу силни за да војуваат меѓусебно и да имаат корист од тоа. Решението е во колониите (изнајмени или освоени), и се разбира, може и да се млатиме од време на време. Така и еМакедонија ја започнува својата авантура по колонии.


Сакам да имате реални слика за силата на еМакедонија. http://www.egov4you.info/ Само Србија и Полска имаат повеќе работници и борци од нас. Тоа не значи дека сега сме велесила, но значи дека за неколку месеци ЌЕ БИДЕМЕ! Затоа, оставете го размислувањето дека сме мали. Во еРепублик не сме мали и наскоро ќе бидеме една од највлијателните еДржави.


ЕКОНОМИЈА



Со почетокот на работата на МАКСТОР и со добрата даночна политика (благодарение на Конгресот) – обезбедивме секојдневен прилив на злато и дневни даночни приходи од над 20.000 МКД. Ако претходниот месец штедевме, сега веќе ќе почнеме малце повеќе да трошиме. Денес одобрив 100 голд за унапредување на една Q3 во Q4 фирма за оружје на Лавовите. Инвестициите во инфраструктурата штотуку ќе почнат.


АРМИЈА


Планот за АРМ го донесовме до финална фаза, уште ќе го докорегираме и ќе го почнеме со имплеметација. Се направи Ранг листа на (пара)воени единици во еМакедонија која ќе ја објавиме наскоро. Според јасни критериуми, единиците се подредени како прва, втора, трета ... Штом буџетот тоа ќе го дозволи, првата на листата ќе биде ставена “под државна капа” односно ќе почне да добива одреден буџет според јасно одредени услови. Потоа втората, па третата и така натаму ... одиме по ред, фер и според правила и кретериуми. Барам трпение од сите вас, овие работи не треба да се избрзуваат.


НАДВОРЕШНИ РАБОТИ


Политиката тука ни е јасна – ние сме со NWO и тежнееме кон тој сојуз. Дипломатските игри очекувам да продолжат. За се ќе бидете навремено информирани.


МОЈОТ ТИМ


Аминта Македонецот – Премиер
Кракер4е – Мин. за економија
Унитед Мацедониа и Драш – Мин. за Надворешни
Макед0нер – Мин. за Одбрана
СТЕФАНПИПО – Мин. за Образование
Данче Ковачевска – Мин. за Здравство
Деданое – Мин. за Информирање
Бранко82 – Менаџер на МАКСТОР


Секој од нив сам си назначува тим и/или заменици.


Во втората половина на следниот месец ќе имам повеќе РЛ обврски. Затоа кажувам јавно и навреме и очекувам мојот тим максимално да ме поддржи. Нема да можам да посветувам како до сега цел ден на Ерепублик. Не се јавија други кандидати и затоа ја превземам одговорноста. Сериозно ги охрабрувам искусните играчи да размислат да се кандидираат после овој мандат. Знам дека имаме многу квалитетни луѓе и ги повикувам да седнат на жешката столица – треба повеќе луѓе да ја осетат и да видат како е. 🙂


Со почит,
Струмјанин