[Reksac MKD] Мала криза, одма јадам гомна!

Day 1,323, 22:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD

Горди мои Македонци, драги соборци, почитувани наши сојузници, браќа Срби



одамна не сум посакал да ги изразам своите гледишта и емоции и да ги запишам во статија. Но, неизбежно е интервенирање на свесен, совесен и разумен мозок, кој барем ќе се обиде да ви ги разбистри главите. Верувам дека сум компетентен да коментирам и осудувам за сегашнава, навидум мирна ситуација. Веќе подолго време не сум доволно активен, но треба да си слеп да не приметиш дека нешто не штима. Деновиве активнa е тезaтa “ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, ЗБОРАМ МАКЕДОНСКИ” – супер браво за вас кои ја постирате \o/. Прочепкав што е работата, зашто баш сега им текна на момциве?...кога видов ми се стемни!!! Активна студена војна на релации Македонија – Србија 😮. ЗОШТО??? Дознав и тоа, но ова е малку посложено. Прво некој ром од соседната држава непристојно и непринципиелно пропагира со проста маса. Србија војува против Македонија бла бла бла...(веќе ми се лоши). Интелегентно но прљаво, по секоја цена да се врати на екартата неговата родна земја, незнам колку е тоа за почит, но сигурно дека не може да се очекува ништо подобро од противник. Другата пак причина за овие условно речено немири е сосем едноставна, помала група македонски и српски тролови со спротивставени ставови, не еСтавови туку со рл ставови пробуваат да ја урнат кулата на нашето пријателство кое и јас со свои раце сум го градел, како и 99% од вас.
Многу е јасно што е работата на еднава страна и е криво што поединечно и делумно сојузникот се бори против нас, на другите пак им е здосадено “””ДА НИ ПОМАГААТ”””!!!



ОК сега да направиме детална анализа на настаните и причините за нивното стапување на сцена. Уште од Октомври кога започнав со еЖивотот не ми беше јасно како може Србија и Грција, Македонија и Хрватска да се во спротивставени сојузи??? Но јасно е решението Македонија и Србија како јадрото на овој раскол повеѓу државите кои заедно никако не би се мирисале поради рл причини, јасно беше што останаа заедно бидејќи тоа е што е, а Хрватска и Грција како оставени на “цедило” од своите рл сојузници решија да направат пакт против братството наречено Македонија-Србија. За целата ситуација чиста десетка за Хрватска, принципиелно професионално и морално си ги остваруваат своите обврски. За Грција деветка од причина што како што се познати филозофи и дипломати од рл светот и шират еПропаганда односно играат нечесно. За Македонија и Србија петка, поради што Македонија и Србија дозволија малолетници и недостоинствени карактери да ги нарушат односите помеѓу двете еДржави. Македонија и Србија не можат да си дозволат луксуз, недоволно развиени мозоци во кои маваат хормони и патриотизам да пати нивното пријателство, поради неможноста загреаните мозочиња да оладат и да се смират, да сватат дека светот не е од чоколадо и дека се што свети не е злато! Чувството на патриотизам е нешто волшебно и величенствено, но премногу јако за млад ум да го испочитува за себе си и да не остави патриотизмот да го води. Патриотизмот истотака бил користен како повод за војна, крвопролевања и многу жртви во минатото, затоа ние како свесна(кој како) и паметна(чат-пат) генерација треба да го контролираме тоа чуство и да не дозволиме да не поведе. Кој како си се чувствува нека го задржи тоа за себе или барем за поблизок круг луѓе. Не велам дека треба да се крие и да не се гордее така како што се чуствува секој поединец, туку да го знае тоа за себе, да не шири пропаганда или нешто непожелно 😉. Друга работа што е истотака болна точка се светите работи на двете држави, значи со нив нема играње! Искрено ако мене некој ме нарече на пр. бугар или ми рече дека зборам бугарски или пак ми каже дека Александар бил грк, може да му настрада и главната аорта, поради автоматско откинување, со заби! Но јас тоа си го чувам за себе и не вреди да се нервирам ако на некоја е*ена игра, некој ме нарече по нешто што не сум или пак зборува како тоа него му одговара, нема ни да го перцепирам.



Вредност на еден човек е да знае да се контролира, затоа вредноста на Македонија и Србија во тој поглед е многу ниска. Верувам дека над просекот има многу добри момци и девојки кои играва ја сваќаат како игра и само како тоа, дека не вреди да се расправаш со неписмени луѓе и дека треба да се социјализираш и забавуваш како што и доликува на една игра.
Секоја чест на ред луѓе кои сум ги запознал или барем сум прчитал нивни ставови, се докажува дека има интелегента маса, но тажно, засенета е од болни умови и исфрустрирани ликови кои лечат комплекси на игра ХАХАХАХАХАХА колку смешно 😃 😃 😃.



Сакам да укажам дека страшно и непромислено е што пишува по весниците во кои се разгорува по национална основа, дека не треба да се земе пример од писателот!
Мое мислење е дека војна е нешто најнепосакувано, уште сега кажувам дека нема да се борам во напад! Ние сме браќа, и по вера и по крв и по јазик и по однесување...ПО СЕ’! Затоа заборавете на се’ што е кажано околу овие мали љубовни кавги како што јас би ги нарекол.


За најглупите(ќе се пронајдат): Не сакам војна поради што навистина не сакам, а не поради тоа што лижам задник некому и ми е страв од него!



Порака од писателот: Оладете, напијте се едно пиво или ракија, испушете еден џоинт, направете скара со одбрано друштво...следете го овој пример, добар провод нема утка 😉 😃




With respect,
Reksac MKD