[кандидатура] [в.мк] За Подобра еМакедонија ®

Day 1,513, 08:53 Published in North Macedonia North Macedonia by v.mk


[кандидатура] [в.мк] За Подобра еМакедонија ®
http://www.erepublik.com/en/article/-reg-1-1943923/1/20

Останавме без региони но ЗАЕДНО можеме да вратиме се и на колена да ги ставиме оние кои сега мислат дека се силни!!!

За состојбата во еМакедонија
На еМакедонија и се испречуваат проблеми ... губиме региони, имаме проблеми со битките, со ONE...
Ова е состојба од која мора да се извлечеме - колку побрзо толку подобро!

Тргнувајќи од состојбата решив да се канддирам за претседател на За Подобра еМакедонија - бидејќи сметам дека така ќе можам активно да влијаам на случувањата во еМакедонија!

За Подобра еМакедонија
На чело на партијата бев во периодот септември-октомври - тоа е последниот месец кога ЗПеМ издвојоуваше победа воопшто.

Моја цел е повтоно максимално да се зајакне паријата и преку добра стратегија да се овозможи незино силно влијание на политичката сцена.

1.
Напредок
Моја главна цел ќе биде развој на партијата. Пред се мислам на активирање на членството и придобивање на нови квалитетни партиски кадри.

2.
Односи со политички партии
На ова поле повторно, како и за време на мојот прв мандат, планирам соработка на високо ниво со сите поголеми и помали политички субјекти.
Ќе се залагам за обединување и градење заеднички ставови со останатите политички субјекти за најважните прашања за еМакедонија.

Ќе предложам одредени заеднички меѓупартиски декларации за кои ќе зборувам повеќе во некоја следна статија.

3.
Подготовка за конгресни избори
Доколку се одржат конгресни избори, а се надевам дека ќе биде така -
сите членови кои претендираат за место во конгресот ќе бидат земени предвид. Одлуката за тоа кој и каде ќе ги брани партиските бои ќе биде донесена јавно и транспарентно.
Пријавувањето ќе биде преку формулари кои потоа ќе бидат разгледни.




Совет до сите гласачи
Не дозволувајте да ве поткупуваат - размислете со своја глава и поддржете ја опцијата која сметате дека е најдобра.




в.мк
Кандидат за претседател на ЗПеМ