Додека чекаме recovery за health...Може малку да се релаксираме...

Day 1,618, 16:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivo Momchilov

Најпрво да кажам ЗДРАВО на сите ова е прва моја статија... Се надевам дека ќе ви се допадне не планирам да ве замарам да ми ставите Vote и Sub. Отценете вие дали сум заслужил...

Во оваа моја статија ќе ви предложам неколку серии кои можете да почнете да ги гледате во слободно време, т.е кога чекаме Recovery на health...
Таман по една епизода...

Прва би ви ја препорачал Supernatural


Станува збор за двајца браќа Сем и Дин кои тргнуваат во потрага по својот исчезнат татко кој е Ловец на надприродни суштества и појави. По патот додека да го најдат ќе се сретнат со безброј суштества кои "живеат" помеѓу нас за кои сме слушале само во приказните. Вреди да се гледа...
Еве и trailer....
Supernatural Trailer

Втора која би ја препорачал е Boardwalk Empire



Во оваа серија станува збор за градскиот ризничар Нуки Томсон и неговиот живот. Дејството во серијата е за време на прохибицијата во Америка и како американците доаѓале до капка алкохол. Во оваа биографска серија се прикажуваат и почетоцита на Ал Капоне и како тој почнал да ја гради својата мафијашка империја.
Трејлерот

Трета која исто така можете да ја гледате и да се релаксирате е
Sons of Anarchy


Тука станува збор на моторџиско друштво, и нивните секојдневни авантури...
Трејлерот...

И четврта и последна во оваа статија
Awake

Cемејството на полицискиот детектив Мајкл Бритн е жртва на ужасна сообраќајна несреќа, во која животот го губи еден од неговите членови. Ќе помислите дека тоа е жена му, додека не ја видите следната сцена во која Мајкл се буди наидувајќи на синот во својата кујна. Нормално, во второто сценарио, недостасува сопругата. Гледајте ја...
Трејлерот...

На ТВ не верувам дека во скоро време ќе почнат да емитуваат некоја од овие серии. Знаеме сите каде може да се симнат овие серии. 😃
Сега за сега од мене толку.