Ситна Rоба...Дуќанчијна - [Commander Tom] реобјава поради ситни весници

Day 1,220, 06:07 Published in North Macedonia Turkey by Tehno Petel
ДОБРО УТРО МАКЕДОНИЈООООООООО ВАЖНИ ВЕСТИ!!!!! КУКУРИКУУУУУУ

Оваа реобјава е направена поради тоа што артиклот беше избуткан од деца кои немаат ништо паметно да пишат и само го полнат Македонскиот медиум со глупости од 1-2 реченици.

За полн ве молиме отворете ја нашата партиска ХИМНА и читајте ја статијата додека ја слушате химната за да ве привлечеме да се зачлените на најефикасен начин. Благодарам

Ама од што од што? Ситна роба е...Дуќанчијна...ситна роба неможе да се створат парите, го нема во работењето не постои. (Мото на Партијата)

Во овој артикал ќе ви презентирам за што ќе се залага оваа партија и зошто е корисно да гласате за членовите кои ќе се кандидираат да бидат Конгресмени

- Ќе изградиме ПИСТИ (аеродроми (селодроми) ), ќе изградиме и железнички пруги [во превод: Најевтини карти во свет], електрификација.
- ФАБРИКИ ДИГНАТИ, РУДАРСТВО ДИГНАТО, ЕКОНОМИЈА ОГРОМНА.

Може ли некој да каже дека вакво нешто има направено во Македонија?
Неможе сигурно, тоа ќе го направиме ние, тоа ќе биде уникатно овде во балканот и виртуелниот свет.


Вие знаете ли дека ќе ви отвориме уште 500 компании за Крави [љеб и сол] кои ќе им ги дадеме на народот за да имате што да јадете, за да се развива краварството во Македонија во источна Македонија. [Ситна Роба...Дуќанчијна]
Това се повечко ќе го финансираме и развиваме [Ситна Роба...Дуќанчијна]

Ќе го развиеме сточарството затоа што гледаме тука Сточари (овци) земјодељи-земјоделци и ќе ви ја откупуваме робата како што ви ја откупувавме во првиот месец од кога ни ја отворија државава.

Ќе изградиме исто така ФАБРИКИ за густи Сокови (НАФТА) на база на сировини кои што ќе се произведуваат тука во "Molise и Abruzzo" во Македонија.

Ќе отвориме и фирми да се градат: ФАРМИ, Рибарски фарми, Овошни фарми во наша Италија (Македонија), Болници, Одбранбени системи и тако даље.

Никој не питал ваква хетерогерадејност каде што сите дејности се споени во една компанија, во една фирма, во еден град. Само кај нас во еРепублик го има ова! Нигде на друго место!

Това се повечко ќе го финансираме и развиваме [Ситна Роба...Дуќанчијна]

И вие кои сте тука младите (по 3-4 месеци), и вие кои сте тука постарите (по 1-1.5 години) и вие старите старудии озрачени (по 2-3 години). Тоа го гледате тоа се гледа. И овде во државава и надвор од државава, низ сите наши региони.

Ќе изградиме и асвалти и патишта. Ќе изградиме и водоводи, Електрификација, Фабрики дигнати, Рударство дигнато, Економија огромна.


Тоа е се народе. Се надевам утре на избори ќе ги одберете најискусните и најдобрите Конгресмени за Македонија. ИДЕМЕ НАПРЕД!!! 🙂

Please: VOTE + Subscribe😉
Kuukuriku News само за вас🙂
Commander Tom