Покана за дружење со Демоните " Собир Детонатор - Виница "

Day 1,654, 11:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan aKa T-MaC


Драги Македонци и каде каде по драги Македонки

- Во недела 03.06 Демоните се спремаат за една добра акција во Виница која ја нарековме Детонатор за да бидеме во тек со настаните 🙂. Се планира некаде окулу 12/13h да пристигнеме во Виница каде што би требало да не пречекаат Столе, Терор, Драгон и уште некое мулти на Столе, најверојатно за почеток ќе фатиме некое кафе ако некој кафич им остана отворен по акцијата Детонатор ако не на Столе бабаму ќе ни свари по едно , потоа продолжуваме наводно на некој ресторан рибник.



Сите вие кои сакате да поминете еден добар и убав викенд со нас Демоните се надеваме дека и времето ќе биде на наша страна ве ПОКАНУВАМЕ да дојдете на една добра и незаборавна дружба да го контактирате Столе домаќинот и организаторот на овој собир да ви даде бројче и каде може да не најдете. Очекуваме да има преставник од секоја единица по еден или уште поарно од секоја единица по една кола да се упати кон виница за да виртуелново дружење да го пренесеме во СЖ. Напомена dimzaaa ќе го рачунаме како неутрален пошто без него ни една собир не може да започне тоа ти е како да замислите ерепублик без Плато ( не е можно нели 😃 ).




Значи во Недела 03.06 сите во Виница на добро дружење за оние кои сакаат заедно да се тргне од Скопје кога ќе се поаѓа точно може да дојдат на нашиот чет #demons.public и да добијат информација од прва рака исто така и они кои се во околината на виница и можат да скокнат на собирот може да му пишат ПМ на Столе или да добијат инфо на чет


Се гледаме во виница
Ве поздравува дикаторот на Демонс т.е ЈАС 🙂

Shout this article
_________________________________________________________
Покана за дружење со Демоните " Собир Детонатор - Виница
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2048841/1/20
_________________________________________________________