Вицови за нашиот "драг" јужен сосед!

Day 1,286, 13:05 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

Ѕид
Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: – Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: – Договорено.
Гркот: – Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: – Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
- Дали ѕидот е водоотпорен?
- Да, одговорила рипката.
- Полни!

Марш
Си биле Македонец и Грк и требало да кажат некоја песна и Гркот кажува некоја, а Македонецот цело време зборува за ‘Маршот на Дрина‘. На Грков му здосадило со тоа Марш на Дрина и му вика на Македонецот
- Абе кај вас има некој друг Марш освен на Дрина?
- Да да има.
- Е кој?
- Марш у пичку матер.

Средба
Се сретнале двајца пријатели на туристичко патување во Египет. Едниот Македонец другиот Грк. Гркот изненаден:
- Кај си бе човек, колку време те немам видено, баш тука кај пирамидиве да се сретнеме. Колку е мал светот!
А Македонецов:
- Не е светот мал, Македонија е голема!

Човекојадци
Се возат Македонец, Грк и Албанец во авион и се случило несреќа и паднале од авионот во некоја џунгла, по некое време ги нашле човекојадци и им рекле:
- Ако издржите по 10 работи да ви бутнеме во газот ве пуштаме на слобода. Овие се сложиле.
Оди прв албанецот му бутаат 10 сливи, после третата почнува да писка, не издржува и го изеле.
Оди втор македонецот му бутаат петровки, после седмата се насмејува и не издржува и го изеле.
После некое време се сретнуват албанецот и македонецот во рајот и албанецот му вика на македонецот:
- Зошто бе македонче не издржа уште 3 петровки, се насмеа и те изедоа човекојадците?
- Ќути брат, видов дека на гркот му спремаат 10 лубеници.

Скокање
Се натпреварувале Македонец, Албанец и Грк кој помалку капки ќе испрска кога ќе се фрли во базен. Се фрла Албанецов и испрскал 15 капки, се фрла Македонецов испрскал 5 капки, Гркот се фрла нема капки и судиите велат:
- Го молиме Гркот да го повтори скокот.
Грков се фрла и пак нема капки. Судите:
- Го молиме Гркот да го повтори скокот.
Се фрла и пак нема капки. Судиите:
- Го молиме Гркот да се фрли во базенот, а не на циментото.

Поради пијанство
Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Албанец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува:
“Бидејќи не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две.”
Албанецот се спрема за казната и вика: “Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб.” После 25 удари паднала перницата.
Гркот исто бара: “Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници.” После 25 стапа и на него му паѓаат перниците.
Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: “Прва желба ми e 100 стапа наместо 50″.
Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. “А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!”

За шаут:
Вицови за нашиот "драг" јужен сосед!
http://bit.ly/jdWB1i