"Ajdutin majka ne rani!" - updated

Day 1,516, 13:35 Published in North Macedonia North Macedonia by oktoklis

Многу одамна сум ја напишал оваа статија, изгледа тоа биле тешки денови за нашата земја, ево денес во исти такви околности ја објавувам пак.
***
Во ова време на невреме кога нашата земја е покриена со кафеав килим
силата на мојата волја и гордоста што сум Македонец и еМакедонец ја најдов во една преубава песна од Кочо Рацин.

Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта наjвисока,
срце - куќа наjширока.

Ако жена не донесов
ѓул - трендафил во одаjа
верна, добра млада љуба –
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
сонце cjae, сонце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосеjав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
"Аjдутин мајкa не рани... "

И ако не умрам дома
туку кaj што стии пиштат
в борба искри кaj што л'штат –
блазе, речи на душата
има зошто душа да е!


Ако овие денови не успеавме да се ослободиме не губете надеж ќе дојде тој ден многу скоро и пак ќе ја обоиме картата на еРепублик со зелена боја.
Ништо не е вечно па така и ова ќе помине многу брзо. Сега што ни најважно е да останиме сплотени и единствени.Целта ни е една и иста, таа е во срцето на секој Македонец да ги изгришиме тие јужно од нас на кои ни име не сакам да им спомнам а исто и да им го вратиме ударот на предавниците тие розевите!

Пораката што сакав да ја пренесам за која ме инспирираше оваа песна а особено последната строфа е: во овие денови борете се за нашите сојузници за да им покажена на нашите непријатели кои сме ние!
Метафората на умирањето е во нашата борба во битките пукате до послдна капка крв(здравје).
***

HAIL MACEDONIA!


"Ajdutin majka ne rani" - updated
http://www.erepublik.com/en/article/-ajdutin-majka-ne-rani--1946012/1/20
*-~ shout ~-*