Гласникот на Proud.Macedonian!

Day 1,221, 14:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Proud.Macedonian
Добровечер Македонијо каде и да си!

Зошто се решив да отворам сопствен весник?

Првото нешто што сакам да го напоменам во мојава прва статија е причината: зошто се решив на ваков чекор, на отварање на весник. Главната причина која ме поттикна е немањето начин да ги искажам моите ставови за моменталната војна со Италија, новововедените промени во економијата, забелешките кон владеачката ОеМ, па и оние кон најголемата опозициона партија МНФ, иритирачкото препукување на паравоените единици, а секако тука е и желбата да ќарам некој дополнителен голд. 😛

Кратко мислење за војната со Италија и што после планираното целосно окупирање?

Прво, да расчистиме намерно велам планираното окупирање, со цел да ги избегнам коментарите од видот: “го потценуваш противникот”. А сега, ајде да преминеме на главното. Мислам дека беше најдобрата одлука донесена од почетокот на еМакедонското постоење, пробивањто надвор од границите на Балканот! Сега ни се отвара патот кон Централна Европа, па кој знае, можеби еден ден, барем на играва, ќе имаме ИМПЕРИЈА! Колку само тоа добро звучи. Сепак, ми се чини дека сме невидени баксузи, па така со новововедените правила со кои повеќето од вас сте запознаени, за да се добива бонусот од природниот ресурс во компаниите, новоосвоените територии или оние изнајмените (таков е случајот со Западна Србија), мора да граничат со оригиналните територии. Значи мора да се бара чаре бидејќи од новоосвоените територии не гледам никакво фајде... Нашите територии би граничеле со Италјанските колонии преку Албанија, држава која за жал сеуште ја нема на картата на еСветот, а и да ја додадат во брзо време, ќе треба да чекаме дополнителни 45 дена за напад, бидејќи така налагаат правилата на играта. Така да, оваа варијанта отпаѓа. Затоа јас се залагам за таканаречената Номадска Иперија (израз “украден” од Demigod_mk, се надевам дека не ми замеруваш друже 😛), со која главниот град од Источна Македонија, би бил префрлен во некоја од Италјанските колонии. Потоа со проширување на Македонија до Централна Европа (два региони на Швајцарија богати со железо и крави, еден регион на Австрија богат со елени, и два изнајмени региони на нашиот сојузник Словенија богати со жито и алуминиум, да се надеваме дека ќе прифатат Словенците, а и не гледам зошто не би прифатиле). На овој начин нашиот развиток би бил многу побрз, затоа што би поседувале 9 од 10-те можни ресурси во еРепублик.

Промените во економијата

Веќе на сите им е јасно дека админите се оние коишто управуваат со економијата на буквално секоја држава од еСветот. Новата промена, со која продуктивноста се зголеми за 100%, нешто што беше крајно непотребно, доведе до краткорочен дизбаланс на економијата. Сега гледам дека работите, полека, но сиугно, се враќаат во нормала. Ако Q2 лебот порано се продаваше за 1.20 МКД, сега со зголемувањето на продуктивноста за 100%, продавајќи го Q2 лебот за 0.60 МКД, заработката е идентичена со времето кога Q2 лебот беше 1.20 МКД. Платите се намалени, така што куповната моќ на еден еГраѓанин е непроменета. 🙂

Препукувањата меѓу паравоените единици

Луѓе дај свестете се! Никој не е должен да ви доделува вам некаков си “рефунд”. Единствени единици кои се под државна капа се Лавовите и Тигрите и само тие имаат право да го бараат тој таканаречен рефунд. Доделувањето на другите воени единици, јас искрено го сметам како подарок од Струме. 😛 Јас секој ден правам 5000+ influence (толку ми се можностите) на моја рака и од никого не барам да ме финансира. Заборавивте за кого го правите ова? Па за МАКЕДОНИЈА бре луѓе! Ако треба до последениот МОЈ денар ќе мавам за доброто на Македонија, до последен голд. Знам дека бев малку груб, но бев крајно исфрустриран од препукувањата пред неколку дена.

Толку од мене и од мојата прва статија.

Ваш,
Proud.Macedonian.