[PhoenixMK] За Шиме (ScymeX) од Америка и пријателите

Day 1,364, 08:02 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK
12.08.2011 Најава за спектакуларен догаџај у РЛ Македонија...добро не јавно објавен спектакл xD

Е кој, каков спектакл? Eеее братче, кога ќе слушнеш дека најголемиот и најсилен телохранител на еМакедонија ќе стапне на тлото на РЛ Македонија и ќе има журка чувствуваш како нозе ти треперат, пот ти се тркала од чело а срцето ти чука 140 со 200 и си велиш Е ЈАС МОРАМ ДА СЕ ПОЗДРАВАМ СО ТОЈ ЧОВЕК па што сака нека биди у пм!

Светата Петорка еМакедонски телохранители (по еНашински тенкови) ScymeX, Aexil, Pyosk, Mudash & Kanopy се решија да си ги измерат бицепсите во живо. Шармантни хостеси, циганска музика, ружи, црвен тепих и стотици плакати од обожаватели "Шимето ни дојде" требаше да бидат реалност на денот кога Г-дин Шиме Македонски стапна на македонско тло на Петровец...упс, Александар Велики аеродромот а од таму на жива свирка со многу гости (читај помали тенкови). Сето тоа у режиска реализација на Г-дин Aexil Kong ама Шимето наш му покажал само шака и шефски рекол: НЕ! Ќе ме носите дома. Тоа е наредба! Сите разочарани, Шиме не не сака :/

13.08.2011 - собиркааа. Тргнавме струмичкото лоби (без Дрпаш за жал) за Скопје со еден од тенковите на Светата Петорка и еден АрАмија како мене. Пристигнавме во СК и не пречекуваат две бели лимузини. Отидовме у кафичот “Бока кафе” и се сместивме на три маси МТО-овци, Волци и АрМакедонци. Г-дин Aexil видно расположен реши да се кара дека МТО ќе ги стигни АрАмиите па на тоа струмичкото лоби почна да дејствува и да стрела кон него “уаааа” . У појачање дојде МоД-от CommanderTom кој му рече дека ќе му дава само 10 тенка секој ден за ова и диктаторот Fricke кој вечно ќе го банира на #eMKD. Г-дин Aexil се увери дека не можи против АрАмиите и се повлече. Се беше мир и тишина (и за келнерите) се додека не почнаа да пристигаат Хаосите dimzaaa, Wild0, Boban_M, Don Tas и Jane Djani и веднаш како за инает да напраат Хаос од се. Маси, столови, цигари се обрнаа наопаку. Mia Colluci дојде со нив и веднаш избега и најде прибежиште кај екс-волците и АрМакедон. Ајде местевме маси у Г точка па некој не можеше да се намести, некој не го собираше и квичеше, смешки. А за мене, незнам која е таа коинциденција нон-стоп да сум близу Хаосите на било кој собир 😃. Дали овој Бобан_М, Спирчо и компанија ми правеТ некои клетви јас незнам. Абе си ги обожавам бре xD

Дојдоа и членови од Panzer у состав Darkan7 и Alzdra и од Лавовите, Coksi. Пристигнаа пивата, штоковите и кафињата (за тенковите) и започнаа “препукувањата”. Во еден момент го снема шишето на еден од претставниците на Panzer за на крај да се најде близу она на Fricke (или на Ванчо беше, не се знаеше) xD и почнаа пљукањата против АрАмиите дека ги крадат пивата и воведуваат диктатура и на собири. Уаааа

Се случи чудо, Aexil нарача алкохол бре, Mudash стани-седни и тој се прежали и падна под влијание на смртниците. Си порача човекот виски и едвај две голтки се напи бидејки ВанЧО му го испи целото демек ај на здравје, ај на здравје. Каде седнуваше Мудаш со вискито, таму седнуваше и ВанЧО. Се очекуваше моментот на пристигнувањето на херојот на вечерта. 23.00h, блесна звучна жолта корвета на хоризонтот xD и од неа излегуваат Шиме и Канопи. Слегнуваат луѓето по скалите а од страна слушкам шепотења “Кој е сега Scymex”? Ушпицан од глава до пета Шимето наш го упознавме и го чучнавме на чело позиција, ние како негови џуџиња 😃 и бат Ванчо веднаш до него го залепивме. Си запалија американски пури со кубански тутун xD и со пивцето у рака почнаа да си шепоткат. Си се формираа групички со различни теми на муабет и имаше постојано “размена на студенти”. Подоцна ни се придружија и Bibermk, DenisID и acezuti а следуваше уше еден блескав и за многумина неочекуван момент, Струмчо се појави од некаде. Дојде директно од аеродром у кафич на релаксација. Ајде почнаа муабетите за иднината на еМакедонија, политики, стратегии... ама многу малку не дружеше, не не сака веќе и тој xD не си го испи и пивцето ама ај простено му е, струмичанче е сепак. Следуваа групни фотки, гушкања, бацовки и у еден саатот почнаа да не бркаат од кафичот. Дојде времето да се наплати голдот, сметката беше околу шеесет сантиметри долга а цифрата не е битна, важното е дека ВанЧО не ги броеше паритe со своите лепливи прстиња а Аеxil видно изнервиран му се закануваше со тупаници дека никој не смее да го брка во 1 часот навечер од кафич 😃

Шо да правиме сега избркани, 1.30h а сеуште полни со елан? Ај да одиме на пејачка си велиме. Ајдеее, 7 коли еден по еден на чело со лудиот шофер Aexil (осеќам Спиро како се тресел внатре) тргнавме кон Деспина. Аеxil клизаше по асфалтот и Мудаш леташе ко луд, Шиме си ги мазнеше гумите за дрифт и креваше прашина (Need For Speed во Скопје), Фриќе ја голташе прашината позади жолтата корвета, струмичане се документираа и се смееја, Миа, Дон Тас и останали цивилизирано си шоферуваа. По патот се случи проблем, задниот дел од колата на Darkan7 заглави у канал па чичо Aexil а.к.а пајакот сам со свои раце му ја крена колата. Тоа е сила бре 😃 Ајде се управи работата и тргнавме во Мементо бидејки во Деспина немаше место. Одиме таму, нема маси и столови за сите, но ајде се снајдовме, повозрасните чучнаа, помладите и енергичните стоеја. Стигнавме при крај на програмата на живата свирка но за атер на нас кога не видоа продолжија да пејат. Се започна со песната “Проклета е Америка” и поздравот “За Шиме од Америка”....лудилото почна, пивата во раце, пеење на цел глас, лепење банкноти во различни бонови и валути 😃 Да ескалира уште повеќе ситуацијата, Дон Тас и Миа Колучи ни приредија екстра караоке шоу а Бобан_М почна да изведува акробации на плеќите на ВанЧО и со главата удараше во чадорите (не на платната 😃) верувам дека има џумки како спомен. Почна да иди полиција и да се заканува, музиката секна час подоцна но не и гласните жици. Ја, ВанЧО, Ацежути, Миа, Пиоск продуживме со малку поинакво темпо, завртивме на Студени Нозе и градска 😃 богами пејачи од нас таленти. Cyril мртов гладен порача неколку порции стекови и помфрит и се му избега од рака за секунда...не се знаеше кој од каде јаде, чие пиво се пие...пациенти бре.

Чукна 4.00 после полноќ и дојде времето струмичане и Kanopy да си одат. Е за понатаму до 7 часот сабајле шо се дешавало појма немам, јас не се сеќавам на патот од Лозово до Струмица xD. Ваљда точно е тоа шо ми го кажа Спирчо, дека биле да играат балет xD

Сума сумарум, вредеа поминатите 300+ километри но тоа не е ништо во споредба со тоа што Шиме специјално дојде од Америка за да се види со луѓе кои прв пат ги запознава преку виртуелна игра. Тоа е за секоја почит. Тоа не се 300 километри, не се истите трошоци. Ми беше чест и задоволство. Поздрав мафијо! Се гледаме наредна прилика



п.с. слики ач, нема бидејки сум под притисок но све е документирано можеби ќе има “leak version” xD
п.п.с дополнителни фотки само ако добијам АМИН од учесниците xD
п.п.п.с не ја тргнам цензурата на Шиме и не барајте да ја препраќам.