[PhoenixMK] Отчет за сработеното на МНР Македонија

Day 1,291, 12:30 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Би сакал да изнесам на кратко се што беше сработено од периодот 5.05 - 4.06.

Ќе се обидам да биде што е можно пократко но си знаете дека сум ситничар и сакам се да биде направено како што треба па пак ќе биде долг текстот 😃

1. Примарна цел беше обновување на односите со Словенија и Франција. Успеавме да ги средиме недоразбирањата што настанаа поради претходното раководство и им се извинивме од името на македонскиот народ за грешките. Го официјализиравме мировниот договор со Франција на заеднички состанок меѓу официјалните лица на двете земји а подоцна се обидовме да ги убедиме за рентање на регионот Алзас па и добивање на регион со жито но одбија. Со словенците повторно настанаа недоразбирања особено по нашиот напад над Швајцарија и законот за NE на Франција но веднаш се решија истите (сепак ужасно ме изнервираа). Во Франција постојат внатрешни проблеми околу предлозите за НЕ - Белгија, Словенија или Македонија! Можевте и самите да видите дека постојано пуштаат закони за НЕ но законите барем за МК не поминаа. Тоа е резултат на нашата дипломатија. Нашата комуникација со двете земји е мошне активна.

2. На моја иницијатива и одобрување од страна на Струмјанин, за прв пат поставивме комуникација на официјално ниво со Хрватска. Со одобрение на еТомислав, CP на Хрватска, Лавчан е поставен за Амбасадор на Македонија. Се пушти статија во хрватскиот медиумски простор од весникот на МНР и тој гест беше прифатен позитивно од мнозината Хрвати. Целта не беше создавање на нов сојузник и пријател туку меѓусебно почитување како противници, да се отфрлат и намалат навредите во официјалните весници и зближување на двата народи.

3. Се распиша нов конкурс за амбасадори и беа поставени над 25 амбасадори во пријателски/непријателски земји. Амбасадорите ги активирав на тој начин да ми испратат првичен извештај за Кабинетот во земјата каде е поставен на функција. Се напишаа статии за многу земји, некои објавени преку МНР, некои преку сопствениот весник. Се надеваме дека ќе продолжат со добрата работа и во натамошниот период бидејки мандатот на Амбасадорот не завршува со завршувањето на мандатот на Претседателот. Тој ќе трае се додека добро си ја вршат работата и не се разрешени од страна на МНР. Јавно морам да ги пофалам македонските амбасадори во Бугарија, Велика Британија, Египет, Естонија и Хрватска кои се најредовни и со својата работа се истакнуваат најмногу од сите останати. Пофалби и за останатите кои пуштија извештај за состојбите, оние кои сеуште ме контактираат.

4. Испративме протестна нота до Шпанија поради тоа што нивниот силен тенк Дурути (кој присуствуваше на ONE HQ каналот и следеше се) и неколку членови на шпанската армија се бореа против Македонија во битката за Солун. Шпанија се огради од било какви воени наредби против Македонија и го осудуваaт однесувањето на некои нивни цивили меѓу кои и на Дурути на кого му забранивме пристап и било каква функција во ONE и беше експресно отстранет од чет каналот. Особено се спротиставивме на неговите контрадикторни и полни со омраза изјави кон Турција па и кон Индонезија и активно застанавме во одбрана на тие земји и дадовме силна поддршка за нивен влез во ONE. Сега сето тоа е зад нас и соработуваме одлично.

5. Потпишавме и обновивме МПП со 20 земји што претставува рекорд досега. За прв пат се воспостави контакт на официјално ниво со Египет, Венецуела (МПП) и Кипар. МНР беше постојано во контакт и со земји од "противнички табор" како Аргентина и Бразил. Овие две земји дури се бореа на страната на Македонија особено во војната за регионот Епир. Постојано бевме во координација со Велика Британија, Индонезија, Турција, Балтичките земји и други земји кои не се во ОNЕ или се про-ОNЕ ориентирани. Особено сум горд на соработката со Велика Британија, Турција, и Египетско-Кипарско-Арапско-Иранско и Македонско дружење 😃 Иако од време на време "забушаваа" во организацијата и плановите моравме да ги менуваме, видете на мапата што е резултат од таа плодна соработка. Египет е речиси слободен, Кипар доби нов ресурс, Иран помага во востанијата и Саудиска Арабија полека ќе се ослободи од Грчка окупација. Горд сум на тоа што нашите пријатели доаѓаат први да не прашуват дали Македонија сака да го обнови МПП-то. Тоа е знак за почит и дека соработката меѓу двете земји е на ектремно високо ниво. Единствено поради оправдани причини, го изгубивме МПП-то со Белгија но се надеваме дека наскоро ќе го обновиме.

6. Македонското МНР е најажурното министерство од сите земји членки на ОNЕ. Денес добив пофалба за ажурноста.
МНР редовно ги пополнуваше сите формулари и доставуваше информации до челните лица на ONE HQ.

7. Претседателот Струмјанин беше редовно информиран и спамиран за најновите планови, идеи и новости со цел подобра координација. Сепак не смеев да донесувам одлуки на сопствена иницијатива нели, затоа да не се осмелил да се пожали 😃 Но, јас ќе се пожалам дека "стариот" многу забораваше (особено да пушти МПП) и ретко одговараше на ПМ и не кажуваше ништо 😃 ама ако, сепак најдобар си е, простено му е 😃

Да заклучам, МНР беше извонредно активно во изминатиов период, организираше и присуствуваше на официјални средби, планираше и договараше зделки (имаше и тајни инфилтрации и малверзации од моја и трета страна 😛), постојано бевме во координација со нашите сојузници и имаме плодна воена соработка со сите земји со кои имаме МПП. Немаше земја за која што не испративме воена помош. MoD постојано беше информиран за тоа која земја бара воена помош од нас.

Особено да се заблагодарам и на ДедаНое, Драш, Макед0нер и United Macedonia кои ме информираа за некои случувања кога не бев онлајн и на г-дин Струмјанин кој изненадно ми се јави на Мај за да ми соопшти дека ќе ме стави како МоФА и за неговата доверба во мене. Се надевам не разочарав и ја оправдав таа доверба.

Се надевам дека македонската јавност е задоволна од работата на МНР. Ви благодарам за поддршката, идеите кои ги доставувавте па и критиките кои ги упатувавте до МНР и мене.

п.с. ВанЧО си доби казна за тоа што си кулираше повеќе време а јас кинев нерви 😃 Фала брат за преводите на статиите наменети до нашите сојузници. о7

Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија