Македонија во Phoenix ???

Day 1,075, 16:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Vlatko Zlatkovski

Ние играчите од Македонија сакаме да се приклучиме во алијансата феникс ама тоа некако не ни иде баш како што треба по се изгледа. Во последно време гледам само расправии со нашите соседи србите и бугарите на чат а сакаме да бидеме во иста алијанса со нив. Сакаме да не ни се мешаат во државата и слични работи. Друга работа која што сакам да ја истакнам е тоа што сакаме да бидеме во феникс а уствари ние делуваме против земјите што членуваат тамо.
Пример за тоа е војната меѓу малезија и ЕСрбија која ние ја сметаме за најголем пријател во играта, а ние уствари во оваа војна сме сојузници со малезија и секој кој сака да се бори во оваа битка уствари се бори против нашите пријатели србите.

Е тоа не иде така ако сакаме да бидеме Феникс ке мора да бидеме секогаш на нивна страна а не како што се случува сега изгледа некој од нашите играчи сака да се прави главен па ајде ке бидеме на таа или на другата страна а на крај ке испадне дека и феникс не не сака а еден уште момалку затоа треба да се размисли на која страна уствари ние ЕМакедонија сакаме да бидеме


Феникс Еден или пак ке настапуваме сами и ке не снема од картата

Тоа беше од мене па се читаме во еден од наредните артикли