Фаланга / Phalanx

Day 1,435, 14:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Chunihin

Добар ден народе.

Како што повеќето од вас веќе знаат, постои една група во Македонија наречена Фаланга. Неможам да ја најдам статијата во која се објаснува што и како е таа единица, но во кратки црти можам да кажам дека таа на некој начин е група составена од силни играчи кој во секој момент треба да бидат спремни за силен удар при наредба од МзО.

Во таа група членуваат играчи кои ги исполнуваат барањата и е составена од членови на сите воени единици во Македонија.

Јас добив една идеа.
Според мене, многу би било убаво кога таа група мава да се знае дека мавнала.
Јас би сакал членовите од таа група да користат еден аватар кој покрај се нема да ги крие боите на потеклото на членот.

Еве пример:

Цивил/Празен аватар


Chaos Order Phalanx avatar

Зашто не целосен аватар/лого на единицата?
Затоа што некој логоа не се совпагјаат со позадината и основата на целосниот аватар

Овде е само аватарот на Chaos Order бидејки само тој го имам како Photoshop проект а сечење на останатите од обична слика кје испадне со катастрофа квалитет.
Мој предлог е ако не ги мризи луѓето од секоја единица посебно кои си ги правеле аватарите нека ми остават e-mail на PM за да им го пратам проектот за да може да си го модифицираат според буквите на својата единица. Секако ако се појави голема заинтересираност за оваа идеа.

Поздрав и се најубаво