ТроONEски коњ

Day 1,322, 12:29 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

ТроONEскиот коњ што овојпат се подметнува на еМакедонија во оваа игра е мошне слабо склепан. Интересното во целата прикаска е што за мета е избрана еМакедонија. Аргументите на Страх. Банован се посни ко манастирска чорба. Нема да буричкам по чорбата што тој ја приготви барајќи комат мевце. Коматот мевце исплива на површина во сосем друга статија. Верувале или не, во статијата на Повторно Смешен преку коментарот на Mirza Dzaficc:

MACEDONIA PLEASE MAKE THIS GAME INTERESTING AGAIN
JOIN EDEN...ITS THE ONLY WAY
OTHERWISE PLATO WILL CHANGE THE GAME AGAIN, WHO KNOWS WHAT CRAP AWAITS US xD



Во вака поставената игра по патот не врват православни алијанси, ниту рашетуваат останатите СЖ братства и мотиви. Прашина по еРепубликанскиот пат крева единствено златната кочија на знаете кој. еМакедонија ќе испадне прилично глупа ако го пропушти зад своите грамотни бедеми троONEскиот коњ кој всушност повеќе наликува на магаре. Игнорирајте го, или ако не додржува скокотот на тастатурата исмевајте ги долгите уши на магарето што се претставува за коњ. Да не дозволиме ние да ги вадиме туѓите врели костени од огинот. еГрција и Плато нека бидат фраери и нека си ги извадат сопствените костени од огинот.