[OeM]Конкурс за кандидати за конгресмени + Поделба

Day 1,977, 06:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Hristijan T.
Почитувани еМакедонци,



Во последните 8 месеци откако се воведе новиот политички модул, Обединета еМакедонија како партија има константно најголем број на конгресмени.
Пред секои конгресни избори се разгледуваат и одбираат кандидатите кои ќе бидат поддржани од нашата партија. По тие промени, откако се има поголема контрола над тоа кого се пушта во конгрес за разлика од порано, претежно им даваме шанса на нашите верни членови што се подоглго време во партијата и што досега го немаат земено конгрес медалот. Тоа така и ќе остане, но секогаш сме во потрага и по нови активни членови кои за некој месец би можеле исто така да добијат шанса.

Сите кои сте заинтересирани за конгресменско место, а воедно сте наши лојални членови треба да испратите порака до претседателот Bringer of Death кој ќе ве информира подетално околу условите, се разбира доколку мислиме дека сте соодветен кандидат и местата не се пополнети. Рокот за пријавување е до 22.04.2013. Имајте во предвид дека заинтерсирани има многу, а места малку, па повеќето од вас ќе останат за некои наредни избори.
Со цел да се избегнат можните грешки од конгресмените, по изборите сите конгресмени од нашата партија ќе бидете додадени во една групна порака каде ќе ви биде убаво објаснето што треба да знаете и сите работи на кои треба да внимавате.

За помалку информираните, веќе некое време Обединета еМакедонија има свој буџет со кој се прават редовни поделби (на секои 6-7 дена) за нејзините членови. Покрај донациите претежно од раководството, тука се и нашите конгресмени кои исто така донираат за поделбите на членовите на ОеМ, благодарение на кои тие влегле во конгрес.
Од самото воведување на поделбите, нивната количина полека се зголемуваше, за денес да стигнеме до 15 q7 тенкови за секој член. Во наредниот период ќе се залагаме оваа бројка да остане, или во зависност од средствата, да се зголеми уште малку.

Воедно со оваа статија организираме и вонредна поделба така што сите наши членови кои што во коментар ќе напишат “Да живее ОеМ” и број на глас на статијата, ќе добијат по 10 Q7 тенкови.

Приклучете се на најдобрите и бидете дел од ОеМ бидејќи ОБЕДИНЕТИ СМЕ ПОСИЛНИ !!!