NWO и земјите кои ке бидат во него !!!!

Day 1,170, 18:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Arch1monde

Последните весници ми се све околу регрутацијата на ChaosOrder,па затоа сакам да им се извинам на моите читатели за недостатокот на оние мои критики кон власта,вестите низ еСветот, но и Дневните анализи.
Следува период каде што ке имам повеќе време па очекувајте и подобри и поквалитетни статии во следниов период.
За почеток да почнеме со NWO и шпекулациите околу него. .





Србија

Србија е најсилната земја на ерепублик.Докажан пријател на еМакедонија.Ни помогнаа во моментите кога ни беше најтешко.

Број на жители - 18844

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 1



Унгарија

Земја која постојано е во врвот на ерепублик.Некогашна велесила,но и сегашен лидер во мегународната политика во еСветот !
Одличен пријател на Македонија.Покрај Србите највеќе ни помогнаа во ослободувањето од Бугарите.

Број на жители -11000

Просечен левел - 22

Глобален ранк - 3




Полска

Некогашен член на сојузот ЕДЕН.Голем пријател на Унгарија и Словачка,но и огромен непријател на про-ЕДЕН ориентираната Романија.
Македонија досега немала поголема соработка со оваа држава.

Број на жители - 16520

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 2









Шпанија

Истотака некогашен член на ЕДЕН сојузот.Незадолна од политиката на ЕДЕН,особено по потпишувањето на МПП помеѓу САД и Бразил .
Македонија досега немала поголема соработка со оваа држава.Македонија досега немала поголема соработка со оваа држава.

Број на жители - 11657

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 5




Македонија

Млада држава со голем потенцијал и блескава иднина !!!!
Најголеми пријатели и се Србија и Унгарија.

Број на жители - 10481(со се окопираната западна би биле околу 13000)

Просечен левел - 18

Глобален ранк - 17




Словенија

Земја иако мала по број на жители, сепак со големо срце. Тоа го покажа во војната со Италија.
Еден од вистинските пријатели на Македонија.

Број на жители - 2328

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 19



Шведска

Сигурно се прашувате зошто оваа непозната земја е ставена токму тука ?
Како што Србија и Унгарија имаат свои пријатели кои би се приклучиле на овој сојуз (Македонија и Словенија ),така и Полјаците не сакаат да ги нарушат своите пријателски односи со Швеѓаните.Иако прва варијанта беше Хрватска,по несупехот во преговорите со Србија најверојатно Полјаците се свртија кон Шведска.

Број на жители - 1948

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 24








Која би била 8-мата членка во оваа алијанса ?
Одговорот на ова прашање сеуште не го знаеме. Можеме само да нагаѓаме. Подолу ке биде објавена на листа на најсериозни кандидати според мене.




Русија



Екс-Феникс земја,но и голем пријател на Бугарија.Многу често се случуваше да гледаме Руски аватари во битките против Македонија.
Се разбира ова не би и се допаднало на Полска која сигурно би имала територијални претензии кон Русија.(најголем непријател)


Број на жители - 10082

Просечен левел - 20

Глобален ранк - 11


Веројатност дека ке се приклучи - 20%






Бугарија

Земја која често ја променува страната,односно е на страната на појакиот во моментот. Шансите им се подобруваат со вракањето на териториите на Македонија,но и со ставот дека нема да им дозволат на Американците да влезат на Балканот.


Број на жители - 20122 (без Западна Македонија околу 17000)

Просечен левел - 18

Глобален ранк - 13


Веројатност дека ке се приклучи - 25%




Грција

Да мое мислење е дека и нашиот јужен сосед може да влезе во овој сојуз. Можно е да проработи Српско-Грчкото пријателство од РЖ , а до тоа може да придонесе и влегувањето на Турција во ПАНАМ.

Број на жители - 23103

Просечен левел - 20

Глобален ранк - 6


Веројатност дека ке се приклучи - 30%





Франција

Голем пријател на Феникс земјите.Доста силно воено подготвена држава.

Број на жители - 4603

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 14



Веројатност дека ке се приклучи - 50%



Индонезија

Токму поради оваа држава Србија беше протерана од Азија. Но сепак сметам дека е можен влез на оваа земја поради немањето на силна земја која би можела да им се спротистави на Американците во ноќните часови.

Број на жители - 10054

Просечен левел - 20

Глобален ранк - 10


Веројатност дека ке се приклучи - 60%



Обединетото кралство


Моите фаворити. Не дека ги сакам многу 🙂
Мали по население ,но големи по срце. Верни до крајот на своите сојузници. Неколку пати ги жртвуваа своите територии за да се помогне на останатите фронтови на своите сојузници.Исто така дадоа голем допринос во истерувањето на Американците од Иран.

Број на жители - 2388

Просечен левел - 21

Глобален ранк - 18

Веројатност дека ке се приклучи - 80%





Заклучок

Овој сојуз би бил противтежа на ПАНАМ сојузот. Би имал голема ударна моќ во текот на денот, но би бил слаб во ноќните часови.Иако Србите се познати по дежурствата во текот на ноќта сметам дека не би можеле сами,па дури и доколку Индонезија би била во овој сојуз да се спротистават на моќта на
Бразилската и пред се Америчката армија.

Како и да е сметам дека не чека возбудлив и крајно интересен период во еСветот, а затоа кој ке влезе во NWO ке дознаеме наскоро 😉



Искрено ваш

Arch