[NW]Акција „Титаник“

Day 1,216, 15:23 Published in North Macedonia Turkey by NightWolfMK

Ко шо сите ние знаеме утре македонската војска преминува у напад на апенинскиот полуостров... Е сеа има еден голем проблем у врска со нападов шо никој досега не го примети. Помеѓу Црногорскиот Брег каде шо моментално е стационирана македонската армија и чизмата се наоѓа Јадранското Море(тоа е оној плав дел на мапата). Е сеа можеби ќе речете каде е овде проблемот? Проблемот се состои у тоа шо тенковите не возат по вода(освен у ГТА) а и иаме многу непливачи у армијата па затоа ни треба некој начин да стигнеме у Италија. Па затоа јас одлучив утре да ги понудам на користење моите 4 q5 јахти кои ќе пловат на релација Црногорски Брег - Италијанско Приморје. Секако билет на овие четири убавици специјално изработени за оваа акција ќе кошта 20 мкд.(ако сакате може да платите и во сребро) Доброволците кои ќе се пријават да ги влечат јахтите од кај мене у подрум до јадранско море ќе добијат попуст од цели 5 ДЕНАРИ!! Јахтите се опремени со специјални туш кабини и кревети од најновата генерација 3 во 1. Јадење нема да има па затоа е пожелно да си земете од дома... Земете q1 леб за да не ви се слоши по пат. Нема да се прифаќаат никакви причини за застанување. Лицата кои нема да се чувствуваат добро ќе бидат изнесени(џитнати) од возилата и оставени сами на себе. Акцијата е само за македонски државјани - строго е забранет влез на грчки и бугарски војници поради типот на туш кабини и кревети. Билетите се во ограничен број резервации пратете ми по ПМ. Ако го земете со вас вашиот мулти добивате попуст.
Четирите убавици:
Трајанка:

Цвета:

Стојанка:

Вера:


Рутите ќе тргнуваат во 10 часот, 13 часот 16 часот и 19 часот по наше време.

Резервациите треба да бидат од типот:
Сакам толку и толку билети за таа и таа јахта у толку и толку саат - носам мулти/не носам - влечам/не влечам

Немате 20 мкд за карта а сепак сакате да ги почуствувате брановите на јадранското море и да удрите и вие некој жабар? Не очајувајте - имаме решение за вас. Специјално за нашите храбри војници без скршен денар организираме рути со луксузни чамци за и тие да го почуствуваат вкусот на борбата.

На патувачите им посакуваме ГОЛЕМА среќа на патувањето(ќе им треба) и им посакуваме „безбедно“ и „навремено“ пристигнување на италијанскиот брег.
May god be with you our brave soldiers

Немате ниту 5мкд за патување со луксузните чамци - не грижете се имаме решение и за вас... Брцнете се у вода гнурнете два три пати и започнете со пливање кон чизмата.

That’s all folks!!

Ги очекувам резервациите!
Акцијата „Титаник“ ЗАПОЧНУВА!