Нов турнир - New World Cup [busavg]

Day 2,404, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by busavg

Поздрав до сите,

Како што сите приметивте (од милионите покани од најголемите единици) дека ќе има нов турнир кој нема да биде од индивидуален карактер туку ќе се базира на штетата на единиците, штетата по дивизии и штета по регименти.
Затоа мислам дека е време за добра организација и мобилизација.
Нема да ве замарам со детали за награди и сл, нив можете да ги видите тука http://www.erepublik.com/en/main/latest-updates

Гледам дека најјаките единици во МКД почнаа да нудат поделби, награди и сл. за време на турнирот, нормално секоја колку може да фати повеќе награди. Но мислам дека со мала организација може да се освои многу повеќе отколку што се надеваме. Доволоно е лидерите на појаките единици (кои имаат најреални шанси за награди) да се организираат и да се направи стационирање на играчите во различни МУ според сила, штета и сл. Можеме да направиме и една анализа на играчи кои би прифатиле да бидат распоредени по различни единици само да се распореди идеално штетата во 2 до 3 различни единици и различни дивизии и различни регименти. Јас сум еден од тие што не ми е битно дали ќе бидам во DSW, MA или MTO, а сигурен сум дека такви играчи има мал милион.

Слободно кој сака да дебатира или да дава корисни коментари е повеќе од добредојден. Ова е само предлог бујрум да ве чујам, сигурен сум дека ќе има и подобри идеи ова нека биде само почетна точка.