Нешто за љубовта – Таша.МКД

Day 2,383, 03:59 Published in Bulgaria Nigeria by Princess of Nigeria
Нешто за љубовта

Љубовта е наш вечен поттик, вечна инспирација за човековото творење и постоење. На љубовта ù се потчинуваат дури и најсилните и најпаметните. За љубовта не постои лек, бидејќи самата љубов е лекот.



,,Љубовта никогаш не се покажува на возрасен начин, напротив треба да е на детски, е тогаш е вистинска,, .- Непознат автор

,,Љубовта е најсилна од сите страсти, бидејќи истовремено ги напаѓа главата, срцето и сите сетила,, . -Лао Це

,,Никогаш не бев луд, освен во моментите кога го отворив срцето,, .- Едгар Алан По

,,Кога мажот ја освојува љубовта на една жена, љубовта е вечна. Може да ја загуби само жената,, .- Роберт Браулт

,,Љубовта е составена од иста душа која живее во две тела,, .- Аристотел

,,Љубовта не познава граници. Прескокнува препреки, скокнува огради, влегува во ѕидови за да стигне на својата дестинација полна со надеж,, .- Маја Анџелоу

,,За љубовта може да се каже исто што и за уметноста: оној што умее да го сака само она што е големо и бескрајно, посиромашен е од оној што и ситницата го восхитува,, .- Херман Хесе

,,Да сакаш – значи да се заробиш себеси во некој друг,, .- Фридрих Хебел

,,Кога љубовта е вистинска, нешто за кое си копнеел, тогаш срцето не бара други алтернативи,, .- Д.Д.

,,Љубовта е едно длабоко разбирање на фактот, што на некој начин, некоја личност те прави комплетен. Некој што те прави совршен круг; присуството на некоја личност, го засилува твоето присуство. Љубовта ја дава слободата да бидеме тоа што сме, таа не е посесивност. Љубовта е вечност. Ако е присутна, ќе продокжи да расте до бескрај. Љубовта го познава почетокот, но не го знае крајот,, .- Ошо

,,Љубовта е теорема која секој ден треба да се докажува,, .- Архимед Сиракузки
,,Пролетта е време на љубов. Затоа на среќните целиот живот им е пролет,, .- Емил Зола

,,Големите љубови се ретки, како што се ретки големите дела,, .- Адлер

,,Биди и достоен на љубовта ако сакаш да бидеш љубен,, . - Гете

,,Ако викаш сите ќе те слушнат. Ако шепотиш ќе те слушне само оној што е близу до тебе, но ако молчиш ќе те слушне само тој што те љуби,, . - Махатма Ганди

,,Можеби некои ќе ми кажат дека го загубив умот а јас ќе им речам дека сега срцето ми е на место,, .- Д.Д.



Шекспир - цитати
1. Љубовта не гледа во очите, туку во душата: затоа Амор на сликите е слеп.
2. Кога срцето е во пламен, некоја искра ќе излета и од устата.
3. Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот.
4. Следи ја љубовта, па ќе ти бега. Бегај од љубовта, таа ќе те следи.
5. Вистински сакаме само тогаш кога нема потреба тоа да го кажеме.
6. Кога љубовта е слаба, маните се дебели.
7. Цврстата љубов не се заборава лесно.
8. Отсутноста ја остри љубовта, а присутноста ја засилува.
9. Подобро е малку оган кој не грее, отколку пламен кој не пржи.
10. Кога љубовта зборува ,гласовите на сите богови го успиваат небото во хармонија.
11. Каде што сееш љубов, никнува среќа.
12. Времето е многу бавно за оние кои чекаат, многу брзо за оние кои се исплашени, многу долго за тие што тагуваат, многу кратко за оние кои слават, но за оние што љубат времето е вечно.



Oшo - цитати
1.Дали забележуваш дека, колку поголемо е твоето его, толку повеќе страдаш? Боли како некоја рана. Колку помало е егото, помалку боли. –
2. Eдинствено и само егото може да биде повредено. Никогаш не може да се повреди покорен човек. Вистинската човечност, едноставно, е онаа каде што е отсутно егото.
3.Милиони луѓе страдаат, сакаат да бидат сакани, но не знаат да сакаaт. А Љубовта не може да постоикако монолог, таа е дијалог, дијалог полн со хармонија.
4. Немој да се бориш против нешто старо, бори се за нешто ново.
5. Умот секогаш бара повеќе и повеќе и повеќе. Не е важно што имате: можете да бидете просјак – пак ќе барате повеќе, можете да бидете цар – пак ќе барате повеќе. Во самата природа на умот е секогаш да бара повеќе.
6. Умот може да биде прекрасен слуга, но и опасен господар.

Останете со фулл здравје и сакајте се
Ве сака
Таша.МКД