еАРМ свадба – подобра и од Галичката

Day 1,165, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Igor

E сега некои ќе се налутат. Ќе речат како е можно подобра од Галичката. Е така, земете пуканки, сокче и продолжете да читате надолу. Ќе се уверите.

На 26.01.2011 година беше ослободена Источна Македонија. Вечерта по само 5 минути од ослободувањето во еАРМ имавме причина за двојна слава. Едната беше успешното востание и ослободување на Македонија, а другата што нашите драги колеги стапија во брак. Кои??? Продолжете да скролате и ќе видите .

Или сепак. Ајде ќе ги претставам младенците уште сега. Тоа се Ivana0013 и Coksi.


Никој не се нафаќаше да биде организатор и ајде се пријавив јас – Georgioski Igor и веднаш започнав со подготовките. Како што се адетите, веднаш отидов во општина да закажам термин кај матичарот, закажав во црква, отидов и до хотелот да се договорам за цената за одржувањето на церемонијата. Исто така купив и 10 q5 тенка (подолу ќе видите зошто ) и две бурми:



Сите машки отидовме кај Coksi, а женските кај Ivana0013. Како што е адетот, Coksi и кумот Blagoj Ristov влегоа во еден од q5 тенковите и тргна напред по невестата. Еве погледнете ги:



А зад нив веднаш одевме и ние:



На средина од патот редно беше да направиме пауза (знаете колку е напорно времето поминато во тенк). Еве го нашиот младоженец како размислува (сите се молевме случајно да не се премисли 😃).



Продолживме со патувањето и пред да пристигнеме во домот на невестата, моравме да дадеме до знаење дека доаѓаме. За тоа беше задолжен Macedonia Mile Lazarevski. Ги распука тенковите, цела Македонија ечеше. Еве еден случаен минувач го овековечи тој момент:



Конечноооооооооооооооооооо стигнавме во куќата на невестата. Ја качивме во тенкот, ги зедовме останатите девојки и продолживме во општина. Таму не пречека нашиот драг пријател, а воедно и матичар Georg the macedonian. Георг почна со прашањата како дали се во роднинска врска. На тоа двајцата одговорија со НЕ. Потоа праша: Дали ти лавица Ivana0013 го земаш за маж овај копуков Coksi. На тоа Ивана одговори ДА. Следно прашање беше: Дали ти лав Coksi ја земаш за жена Лавицата Ivana0013. И тука одговорот беше потврден.



Само што излеговме надвор не дочекаа Млади Агушеви и веднаш засвиреа:



А еве го и долгоочекуваниот бакнеж:

.

Лево се: The_boSS_pp, Mr Ivan
и Macedonia Mile Lazarevski, а десно Coksi,
Bojan._rnr и warriorMKD



Следно се знаеше. Одиме во црква. Таму не пречека попот mijakHB. Следуваа истите прашања, меѓутоа овој пат со Благослов од Бога. По изговореното ДА од страна на двајцата младоженци, кумот Blagoj Ristov и кумата Мia Coluci му ги дадоа бурмите на попот за тој да им ги стави.
Еве еден прекрасна слика од венчавката:



Потоа отидовме во хотелот. Изморени, но сепак подготвени за весел провод и играње. Се разбира тука беше и невестинската торта



Еве ги младенците како се бакнаа

а десно и лево од сликата се кумот Blagoj Ristov и кумата Мia Coluci.

Сепак, статијава е мала за да ги собере сите гости. Ама еве неколку слики од сите:



Овде се: DuffyMKD,
Macedonia Mile Lazarevski,
Bobi Stefanovski,
ZdravkoT,
Necromanser,
Blagoj Ristov и
sime0ss.



Постариот девер Martin Tashkoski, сведоците abrasev и Slajder и помладото деверче Kristijanmkd93.

Останува поздравот со песната Свадба Mакедонска и ГОЛЕМИ честитки за среќен брак, долг заеднички живот и многу ама мнооооооооооогу бебиња. П.С (пеачка ни беше Јасмина Мукаетова, како што можете да видете на видеото 😁.

П.С Со АРМ хотелот отиде во загуба, беа испиени200 литри вино, 30 литри коњак, 15 литри ракија, а беа изедени 500 кг прасечко и срнечко месо.

Да живее Македонија

Да живее АРМ

Да живеат младенците

Ве молам за суб, глас и извик. Секако имате по 30 на ден, потрешете еден за ова.

еАРМ свадба – подобра и од Галичката
http://0.mk/7e6c