Што со голдот во NBM? [Felllix]

Day 1,751, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix


Поздрав до сите

Пред некој ден проверувајќи ја финансиската состојба на нашата мила еМакедонија морам да признаам дека многу пријатно се изненадив. Покрај тоа што се изненадив, ми дојде една идеја која решив да ја споделам со вас.
Самата идеја и не е измислување на топла вода бидејќи повеќето еДржави одамна активно работат на монетарниот пазар.
Имено, последниот мандат на AlexSkopje ни донесе грубо земено околу 1300 голд позитива во НБМ.

Ова е моменталната состојба во NBM:
Ова беше состојбата на 6 август:

Локалните пари односно МКД не се земени во калкулација иако и таму има околу 500к позитива.
Значи грубо земено, случајно или не, последниов месец државата заработила 1300 голд со трансакции на монетарниот пазар.

Пред тоа откако знам за играва количината на голд во NBM беше околу 2.5к, со мали варијации и се чуваше за недајбоже, иако никој незнаеше кога ке дојде моментот и за што би можеле да се искористат. Потоа Plato измисли AirStrike итн... се до сегашниве 4к.

Што предлагам?
Предлагам формирање на фонд во кој би влегле 2000 голд. Фонд со кој на друга национална организација би се префрлиле тие 2000 голд и кој би служел за трансакции на монетарниот пазар. Самата организација би била позната и достапна за увид на сите.
Со фондот би управувале тројца искусни, чесни и играчи кои уживаат доверба во нашата виртуелна (па и RL 🙂 ) заедница.
Како за пример би ги посочил Boban Mitrovski, lazarosaMKD, buli11 и многу други за кои би можело да се дискутира.
За да нема забуни и тој голд нормално и припаѓа на државата, било кој Претседател во било кое време би можел да го искористи тој голд за било што по негова проценка, без да мора да се правда на било кого.
Да се навратам на фондот.
Тимот кој би управувал со фондот би имал обврска да го следи курсот на голдот и динамиката на раст, односно паѓање на вредноста и би имал дискреционо право да врши трансакции во моментот кога ке процени дека тоа е исплатливо.
За почеток и како орјентир сметам дека секогаш кога голдот би бил над 2000МКД би требало фондот да се конвертира од голд во МКД и секогаш кога голдот би бил околу 1000МКД би требало да се купува голд.
Доволно е два пати во годината да има варијации на монетарниот пазар како последнава, за да ние заработиме 3-4000 голд.
Понатаму евентуалната заработка би можела да се искористи за унапредување на тренинг центри на нови активни играчи и сл. проекти. Имам идеи и во тој дел меѓутоа за тоа понатака.
Играчите кои ги наведов во мојов предлог се пример и немора да бидат тие.
Уште би сакал да напоменам дека за моменталниве Претседателски избори во неколку кандидатури прочитав воведување на институција Broker, во Претседателските тимови.
Сакам да слушнам ваше мислење за идејава.

Felllix