Интервју со Mudash

Day 1,599, 03:53 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

По неколку месеци договарање за да направиме интервју конечно дојде и тој ден, немам некоја посебна најава освен да кажам денес гостин ни е Mudash кој ви предлага додека читате да ја слушате.

-Што ти остава најголем впечаток во играва?
Mudash : Најпрвин сакам да ги поздравам читателите на твојот весник за кој имам само одлични критики и сметам дека е еден од подобрите во еМакедонија.
Околу тоа што ми остава најголем впечаток освен пукањето и востанијата јас друго не ни играм. Можам да се пофалам дека за прв пат во мојот еЖивот имам фирма која ја купив пред десетина дена. Земав една тенкара и миљарда рав ку четворки 😃 и како ШО вика другарот Ел Че, се глеаме на маркет : P


-Поминаа разни политички состојби, според тебе што е најдобро за Македонија ?
Mudash : Премногу сериозно прашање за карактер како мене - у принцип политика не ме интересира затоа сум во онаа партија каде и што сум ПрепедниК 😃
Давај следното..


-Претседател си на најоргиналната политича партија, до сега имаат ли побарано подршка поголемите политички партии и дали мислиш да се занимаваш со политика ?
Mudash : Конечно се пронајдов себеси 😃 Мирен сон на денот на избори !
Кога бев мал ми збореа дека секој може да стане Претседател. И да ти кажам почнав и да верувам во тоа. Мислам види ме мене.
Сите бараат поддршка од нас и во последно време почнаа и поклони да ми праќаат по дома. Од еден пегла од друг миксер, мислам се обезбедив со поклони за идење по свадби до Нова Година.


-Ќе ни ја откриеш, тајната за фаќање на востанија ?
Mudash :
Да секако дека ќе ви ја откријам.Изработив една студија, која за прв пат ќе ја споделам со еМакедонскиот народ

или
10% талент
20% припрема (вртење хулахоп, возење роншули преку лето , а во зима сличуги)
70% среќа ако Аце Жути не е on-line

Па вака јас како олд скул фаќач на востанија можам да кажам дека ДА порано имаше тајна ( не мислам на скрипта ) како да ги фатиш ситурните востанија, но сега мислам дека нема тајна. Има неколку работи кои треба да ги направите за да бидете побрзи но сето тоа е многу убаво објаснето во една статија на ацежути.
Јас и моите ментори bobi83 и А r a g o r n на моменти се случуваше цел свет да го имам искликано xD без разлика дали ќе помине востанието или не. Хаха.
Овде сакам да додадам дека другарот Мане Комита го има најбрзиот сензор what money can't buy па се надевам дека во иднина ќе го пробам и јас, па затоа другари соборци, ревплуционери и визионери ајде да удриме еден масив спам во инбокс на другарот мане комита за да попушти и го сподели најновиот сензор со нас Македонците 😃


-Има ли вистина во тоа дека acezuti барал совети од тебе за фаќање на RH, или се само тоа озборувања и дали соработуваш со некој кога одиш во лов на RH ако може да го наречам така ?
Mudash : Горд и со крената глава можам да кажам дека дека моето училиште за фаќање востанија кое неодамна е затворено засекогаш, го извади еден од најдобрите еРеволуционери на сите времиња и како што нели бидува во карате филмовите ученикот е подобар од цвојот учител !!! Вива Ацежути !
Како последен студет од мојата школа е Tashanka за кој верувам дека ќе биде надалеку познат женски револуционер и ќе ја продолжи мојата мисија каде што застанав а таа беше голдот на Плато од сите востанија во еСветот да заврши во еМакедонија 😃


Што се однесува за соработка за факање на востанија, да, имаме енда групна порака, но за влез или за да бидете дидадени во неа треба да се конслутирате со гореспоменатите Арагорн или боби83 😉

Еден од нај големите моменти за кој ти си привлекол внимение беше твоето откажување, но за кратко се врати, ќе ни кажеш нешто повеќе околу тоа ?
Mudash:Морав! го продадов компјутерот заради тоа 😃
Уффф ..ај вака: Дојде време кога прегреав со играва. Едноставно почна да ми смета во работата, значи почнав да губам пари т.е не зборам за парите кои се даваат во играта туку за оние кои не се прават дoдека играш. А се вратив и тука сум само заради пријателите кои ги запознав тука и со кои имам одлична комуникација како во играта така и во РЛ.
Во последно време од преголемите РЛ оврски кои ги имам, повеќето пати се логирам и ѕирнувам што има ново преку телефон.


-Најчето аватарите ги менуваш со слики од мафијашки донови, зошто се одлучуваш на таков вид слики?
Mudash : Па не се сеќавам дека сум ставил слика од некој друг освен од Алфонсо Капоне. Капоун, ми е омилен лик уште многу многу одамна.. едноставно типот имал муда за многу работи за кои другите немаат ни м 😃


Кажи ни што беше кључно за изборот на твоето име?
Mudash : The beautiful white snow of winter, the cool misty rain of spring, a peaceful walk through the woods of summer или нешто слично 😃


-Откако ќе стиснеш лог оут кој е Мудаш ?
Mudash : Хмм па кога ќе стиснам лог аут најчесто сум Канопи но исто така знам и да сум Скајмекс, Конг, Струме, Воикс, Бибер... зависи какво разположение ќе ме фати 😃
Или extremely handsome, charming, bright, rich 34-year-old male хаххаа


-Што правиш во слободно време освен што играш ерепублик ?
Mudash : Обично станувам во 05:30, најкасно 15 до 6. Џогирам, правам 10-12 склека, се туширам и се логирам на еРЕП. 😃
Навечер обично седам по дома и решавам Котелец, а кога излегувам, посетувам некоја изложба или пак одам на концерт на некој камерен оркестар. И да, кога се враќам пак се логирам на еРЕП. 😉


-Филм и Музика
Mudash :
-Серии, моментално Fringe
-ТВ Емисија, Вкусот на традиционалната кујна со Адриана Алачки 😛
-Музика само у кола 😃 у послендо време неможам да се опуштам ни со музика у кола пошто на секој пешачки додека возам ми излетува dimzaaa 😃


-Со кого највеќе комуницираш од играчите ?
Mudash : Со Спиромкд и Бофал 😃 шала
Па со многу луѓе комуницирам од играва со некои и бизнис имаме свртено, не би сакал да набројувам да не заборавам некого. Еве ке го спомнам сватот или прц мајсторот Конг затоа што со него нема ден а да не испиеме по едно еспресо. 😃


-Порака до читателите ?
Mudash:
Поштовани Публикуме,
Ако веќе стасавте со читање до тука, тоа значи дека не е за џабе што одговарав на прашањава, а ја лажев жена ми дека барам некој интересен рецепт за да направам ручек. Знам дека многу ве има такви што собирате рецепти, така да можеме да се собереме некој ден заедно да си ги споделиме искуствата 😉
Јас навистина морам да одам сега, за да не доцнам пак на час по синхронизирано пливање.
Над МакЕдонија се раџа ново сонце на слободата.



Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Mudash
http://www.erepublik.com/en/article/-mudash1-2002248/1/20

Откриена тајната формула за фаќање востанија
http://www.erepublik.com/en/article/-mudash1-2002248/1/20

Долго очекуваното интервју
http://www.erepublik.com/en/article/-mudash1-2002248/1/20