[MTO] НОВИНИ ВО МТО + ТУРНИР

Day 2,259, 11:01 Published in Chile North Macedonia by Aminta Makedonecot


Поздрав МТО,

Со оглед дека на ден 2.261 почнува долгонајавуваниот турнир од Плато кој треба да трае до крајот на денот 2.267 (повеќе инфо за ова на линков) решивме и ние како МТО добро организирани спремно да го дочекаме.



Целта на МТО за следниот турнир но и за периодот по него е да се формира фонд на МТО кој ќе се употребува за две работи - за ЦО и солбодување на Македонија во битките кога ќе се бориме за Конгрес и за финансиска помош на младите играчи од Д1 и Д2 за надградба на теретаните.

За постигнување на оваа цел МТО ќе се стреми за што повисок пласман на следниот турнир и со тоа собирање на што поголем дел од наградите од Плато кои во отстуство на НБРМ и Конгрес во Македонија ни се многу потребни како заедница и кои во иднина ќе бидат употребувани за ЦО при следниот обид за ослободување на Македонија.


Затоа МТО ќе воведе две новини во оваа насока:



ПРВО: Со финансиска помош од мене и другите постари челнови на МТО кои имаат фимри ќе се овозможи во текот на турнирот барем еднаш дневно да се активира барем еден од новите воени бустери за Д3 и Д4 (повеќе инфо тука) членовите на МТО да може да пукаат со бонус што ќе има двоен ефект:

индивидуален - секоја член на МТО да прави бонус штета за подигање на своите ранк поени и да
колективен - поголема штета за МТО и повисок пласман на следниот турнир.

Со оглед на тоа дека овие воени бустери Плато ги направил да траат кратко и важат за секоја Дивизија одделно, целта ќе биде да се собереме што е можно повеќе активни челнови од Д3 и Д4 на МТО во исто време за да може ефектот од нив да биде што е можно поголем.
Тоа ќе го постигнеме со начелен договор да воениот бустер се активира секој ден во периодот од 18:00 - 20:00 со претходно собирање на сите членови кои е активни во тој период на чат на каналот на МТО за да се утврди точниот тајминг и битката во која ќе се пука. Затоа апелирам до сите МТО да бидат на чат во периодот од 18:00 до 20:00 и во тој период да имаат полна енергија ( full FF)!
ЛИНК ДО ЧАТОТ
Канал: #MTO
Сервер: Rizon

Напомена: бидејќи воените бустери чинат многу злато и нивниот ефект е најголем во Д3 и Д4 истите ќе се овозможат само за овие две дивизии на МТО, и дополнително ако се има во предвид дека поголемиот дел од Д1 и Д2 (барем во МТО) не пукаат туку само работат и тренираат за да јакнат на сила без да дигаат левели за нив МТО има предвидено посебна програма наместо бустери.
Бидејќи Македонија има малку сојузници без значајни битки а во исчекување на нови сојузи и алијанси МТО ќе се обиде да ја понуди вака организираната и со бустери појачана штета во Д3 и Д4 на сојузниците или трети земји кои би имале потреба за одредена фианнсиска надокнада. Собраните средства од ова ќе бида користениз а помош на Д1 и Д2 членовите на МТО за надградби на нивните теретани.






ВТОРО: Членовите на МТО кои се во Д1 и Д2 и кои само работат и тренираат секој ден без да пукаат ќе им биде дадена можност да дадат личен придонес во собирањето на средства во фондот за ЦО на начин што ќе им се понуди да работат за минималец во фирмите на МТО а целиот профит и плата од нивната работа да оди како донација во Фондот за ЦО. За возврат овие доброволци би добивале донации од леб бидејќи реално и само тоа им е потребно за секојдневен тренинг и работа и дополнително ако се соберат средства од точката 1 истите ќе имаат приоритет за помош во надградба на теретаните.
Доброволци за рабта на минималец очекуваме и од Д3 и Д4 кои сакаат да помогнат на овој начин.
Кој сака да работи на минималец нека се пријави со пополнување на овој формулар за да се направи список на доброволци. (линк)

Груба и проста математика е дека секој член со работа на минималец секој ден би помогнал со по 40-50 цц секој ден во фондот за ЦО. 10 члена по 50 цц се 500 цц секој ден во Фондот за ЦО кои кога ќе се употребат во битката за КОнгрес на МАкедонија пак ќе им се даде можност да си ги вратат со пукање за Македонија. Ќе му дојде и како еден вид на заштеда ако се решат да пукаат еднаш месечно за ЦО кога ќе пробуваме да се ослободиме.

Ќе се формира тим од 3 искусни и постари играчи од доверба на МТО да бидат благајници и да ги чуваат парите собрани во Фондот наменети за помош во надградба на теретаните на помладите играчи а истите би се доделувале пред секој попуст од Плато за надградба. (детали за ова во наредните денови)



Сакам да напоменам дека наградниот фонд од 180 Q7 тенкови кои јас го обезбедувам за на крај од секој неделен турнир за првите 3 во секоја дивизија останува и понатаму на сила! истите можете да ги најдете во билтените кои секоја недела ги објавуваат DaskalotMKD (на линков) и ivica08 (на линков).


Јас како Командант на МТО аплицирав кај админите и МТО да биде дел од пилот проектот за експериментално воведување на чат кој ќе биде во играва на ниво на Воена единица и на тој начин да пробаме подобро да се организираме и координираме. Го чекам одговорот на тикетот од Плато дали ќе ја вклучи и МТО во бета верзијата на чатот.

И на крај сакам да споменам дека новините 1 и 2 се ДОБРОВОЛНИ и никој од МТО не е присилен да учествува во организираното пукање на чат, во работата на минималец или во само работење и тренирање без пукање. Но секој кој ќе се вклучи за да помогне на МТО и Македонија е добредојден. Предлози и сугестии се исто така добредојдени.

До следниот пост и подетални информации спремете се за акција!



МТО Е БРЕНД БЕ БРАТ!