Нешто од мене! [Mr.Santinoo]

Day 2,272, 15:12 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Музичка Подлога.

Бидете секогаш она што сте. Другите и онака повеќе ќе се потрудат од вас да направат тоа што не сте.

Поздрав пиријатели и ''пријатели'' мои 🙂

Мина долго време,ни помалку ни повеќе за завршувам третата година на играва откако за прв пат кликнав на eRepublik.

За почеток,имав своја визија тогаш во тие околности Македонија беше империја,веле сила и непокорлива...сите се пцуевa,вреќавме,се правевме кој од кој попаметен за да се докажеме нели,но за мене немаше простор,бев почетник мислев дека со мулти ќе бидам побогат,ќе се развијам што е можно побрзо и ќе бидам посилен...

Се беше ок,со 4 акаунти кои набрзо ми ги банираа и тоа беше залудни 4 месеца во вода на играва...
После месец дена сфатив дека не е дозволено мутлти правење па си реков ајде со друга тактика...

Наредниот пат го направив овој Сантино со кој играв скоро една година,тогаш со овој акаунт имав поинаква цел,да помагам на секој кој можам и колку можам,да се најдам во пресрет на сите...во тоа време имав 3 страни на фб од по 10.000 лајкови и лесно правев реферали...бев развиен и бев во можност да помагам и секој ден да делам храна и тенкови од свои лични финансии...

После долго време почнав полека да снемувам пари,по комшии и кај другари почнав да правам мултиња,со тоа собирав пари и продолжив да делам и помагам се додека не дојде денот кога по грешка еден од тие реферали или мултиња се уклучив од мој компјутер да проверам што има на играва пошто бев баниран на 3 дена од оригиналниот акаунт...пишав тикет дали имам направено некаков прекршок откога ме одбанираа и во рок од 1 час бев баниран засекогаш...

Поминаа 3 месеци и решив пак да се вратам на играва,но да купам акаунт што е игран,да не биде баш од почеток...еден другар ми го даде овој што го играм сега,и еве до каде дојдов за година и осум месеци.

Пријатели мои,не мислам дека сум нешто посебно ни па некогаш сум мислел...секогаш кога сакав да помогнам преку некоја поголема поделба на крајот јас наседнував...одкога се замешав во политикава многу тогашни пријатели сега ми станаа непријатели,не дека јас ги сметам за непријатели туку дека они ме сметаат мене...

Никогаш нема да се правдам ни па ќе се правдам,јас сум овој и неможам да се сменам ни пак сакам да се сменам,мило ми е само што покрај толку многу расправии и глупости имам мнгу пријатели на играва,а благодарение на тоа извлеков добри пријатели и во РЕАЛНИОТ ЖИВОТ...поздрав до нив.

Мислете што сакате,оваа статија трае 3 дена и ќе ја заборавите...сакав само да ви кажам дека секогаш кога можам да ви помогнам нема да ве одбијам,без разлика на сите глупости кои се направени и кажани за мене...имајте отворени очи и судете со свои очи,а не од тоа кој како кажал...

Бидетеми поздравени и секое добро... 😃


Нека живее ХУМАНОСТА!